Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише – за похумано Скопје!

0
By Zoran Ivanov on July 19, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје.

Почитувани скопјани, почитувани медиуми,

Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и голема одговорност. Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце. Ви благодарам што верувате дека можам да го водам Скопје.

На почетокот сакам веднаш да ви порачам: се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани. Независно дали сте поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на некоја трета партија или на ниту една, за мене сите граѓани се еднакво важни. Јас тоа го покажав и со пристапот кон секој поединец во текот на мојата професионална кариера.

Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани. Дека токму политичката алчност, бизнис и личните интереси на оваа власт, како и длабоката партизација на градот во изминатите четири години го донесе онаму каде што е денес, на своето историско дно во однос на развој, изглед и функционалност.

Токму ова никогаш не смее да ни се повтори и затоа јасно порачувам: ако ја добијам вашата подршка ќе докажам дека Градот е над политиката. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите кои живеат во него. И мора да се управува професионално.

Ќе бидам на страната на секој човек што сака да живее достоинствено, без разлика дали и за кого гласал. Затоа што најлесно е да им се поклониш на моќните, а тешко е да им служиш на сите. Јас го бирам тоа што е тешко, ама исправно.

Почитувани граѓани,

Не смееме да затвораме очи пред вистината. Не можеме да се правиме дека не знаеме кој и како го донесе Скопје до ова дереџе. Четири години со ВМРО-ДПМНЕ видовме што значи безредие, неодговорност и непочитување на граѓаните. Четири години видовме што значи политички инает на сметка на здравјето на граѓаните, што значат бизнис интереси на сметка на развој на градот, што значи кога имаме власт која е подготвена да го уништи градот, само за сопствен политички интерес.

Скопје никогаш помалку не им припаѓал на скопјани. Скопје е украден град, ставен во заложништво за сопствени интереси. Го уништија за политички да се пресметуваат со сопствениот градоначалник. Денес, секоја улица сведочи за нивниот неуспех. И нема да дозволиме тоа да се повтори. Скопје ја преживеа својата трета катастрофа после палењето на градот од страна на Пиколомини и земјотресот од 1963 година.

Но бидејќи сите знаеме што се случува со градот, денес нема да зборувам за тоа. Знам дека скопјани бараат решенија, искреност и градски политики на кои ќе им веруваат. Скопјани бараат уредено, културно, чисто Скопје. Бараат градоначалник со јасна визија за тоа како ќе се развива градот и конкретен план како ќе се решат клучните проблеми. Без чуда, без лажни мега проекти и шарени програми на стотици страници.

Почитувани скопјани,

Јас сум тука да понудам решенија. Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој ќе се гордееме, кој ќе биде наш дом, а не пазар на интереси.

Затоа, моите определби ќе бидат:

– да го исчистиме Скопје и направиме функционални претпријатија за управување со отпадот

– Да направиме конкретен план и постигнеме резултати за чист воздух и чиста животна средина. Ова се моите први приоритети, области во кои имам многу знаење и искуство.

– да го обновиме јавниот превоз и да создадеме град во кој може да се стигне навреме и без нервози;

– да го запреме урбанистичкиот хаос и да ја вратиме контролата на граѓаните врз урбанизмот;

– да се посветиме на обнова и одржување на постојната инфраструктура на градот

– Да направиме реформи за целосна дигитализација и искоренување на корупцијата и влијанијата кои доаѓаат од оние кои Скопје го гледаат како бизнис интерес.

– да ја вратиме културата, животот и урбаниот дух на Скопје кој толку многу недостига во моментов

– да ја вратиме безбедноста во градот, секој ден и секој чекор по скопските улици мора да биде безбеден и удобен за секој граѓанин.

Што ќе направиме од утре?“

Скопје не смее да чека. И јас нема да чекам. Веќе започнавме со активности кои ќе покажат дека ова не е само кампања, ова ќе биде заедничко враќање на Скопје на граѓаните. Ги повикувам да ни се приклучат најдобрите, најмотивираните луѓе кои искрено го сакаат градот. Скопје има врвни професионалци во сите области, токму тие ќе бидат столбот за враќање на сјајот на градот.

Веќе се поставени основите на програмата за Скопје, но вашите совети и идеи, преку низа средби со граѓаните, но и стручната јавноста и поединци кои знаат и умеат да помогнат, само ќе допринесат истата да стане подобра и пореална. Време е скопјани конечно да видат еден различен пристап. Пристап кој не е обложен во шарена хартија а шуплив внатре, туку соврешен и остварлив план за решавање на проблемите. Тоа може да го очекувате од мене.

Почитувани,

Скопје е модел на град каде сите општини во градот мора синхронизирано и рамномерно да се развиваат, во соработка со градот. Скопје заслужува повеќе. Заслужува да дише. Заслужува да живее. Заслужува да се сака. Заедно ќе работиме, заедно ќе ги носиме одлуките. Ајде да го вратиме заедно сјајот на Скопје, за похуман Центар, Карпош, Кисела вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Шуто оризари, Бутел, Сарај, Гази баба, Чаир. За похумано Скопје!

 

 

 

 

Градоначалничка Каја Шукова кандидатка прес Скопје хумано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.