Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова: Наместо борба против криминалот и корупцијата гледаме селективност

0
By Marija Todorovska on June 19, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека земјата е целосно закочена, дека нема напредок во процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ, а меѓународните позиции на државата се загрозени.

Она што ние го гледаме во оваа една година е дека нема никакво подобрување на позициите на државата, а тоа е она што актуелната власт го ветуваше пред изборите. Позициите стануваат од ден на ден се полоши и евроинтегративниот пат, де факто, во моментот е закочен и загрозен, нагласи Шукова, додавајќи дека европските претставници повторуваат дека вратите на ЕУ во моментот се отворени, Албанија, со брзо темпо оди напред, како и Црна Гора, а ние заостануваме.

Тоа што нема напредок во европската агенда и планот за раст од една страна ги загрозува позициите на државата, но значи губење на пари, на голем дел од грант средствата од ЕУ, додаде таа.

Потпретседателката Шукова посочи дека нема никаков напредок во клучни области од реформската агенда, а наместо борба против криминалот и корупцијата гледаме селективност.

Имаме реформска агенда, имаме план за раст и точно знаеме што треба да правиме. Но власта тоа не го прави. На овој начин како што се практицира власта, не гледаме сериозна борба против корупција и криминал, вклучително и Кочани, кое како тема сме го отвориле многу пати, таму зборувавме многу долго за селективна правда, па под притисок на јавноста и дел од политичките партии, се прошири истрагата со актуелни функционери, така да има многу прашања, за кои треба да се дискутира и многу прашања на кои треба да работи. Со празни флоскули не се тера политика, рече потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

ЕУ СДСМ Шукова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.