Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Схурмaн:Случајот Кежаровски е уникатен. во Холандија нема ништо слично

0
By Нова ТВ on November 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 3, 2013 10:15

-Истражував и не, нема слични случаи во Кралството Холандија. Има случаи каде идентитетот на заштитен сведок во судски случај бил објавен, но во Холандија се покренува истрага против судиите и обвинителите кои веројатно ја имаат пуштено информацијата, но никогаш против новинарите. Мислам дека станува збор за уникатен случај, вели амбасадорката на Кралството Холандија Мариет Схурман за случајот Кежаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

РСЕ: Судот реагираше тврдејќи дека новинарите се неедуцирани. Како гледате на тоа? Дали само судовите се заштитници на владеењето на правото во демократска земја?

Схурман: Сметам дека секоја институција има различна улога. Бев малку изненадена од опширната реакција на судот. Веројатно тоа е знак на вознемиреност од реакциите и критиките за пресудата од Македонија и од надвор. Мислам дека судот е во право во смисла на тоа дека процесот сè уште не е завршен, какво било медиумско влијание може да влијае на судиите. Очигледно професионален судија не е под влијание на тоа што се пишува во медиумите, но јасно е дека се загрижени и имаа потреба да се објаснат. Повторно ќе кажам дека нивното резонирање ќе се објасни со пишаната пресуда и се надевам дека ќе го уверат народот дека ова не е случај на селективна правда и дека судот ги има земено сите аргументи кои се презентирани во случајот.

РСЕ: Тука е и полициската барикада за новинарите кои се обидоа да протестираат против судската одлука. Новинарите велат дека полицијата немала право да спречи мирен собир. Каква слика се создава со последниве случувања, не само во странство, туку и пред жителите на Македонија?

Схурман: Самата полиција не употреби сила, но имаше масовно присуство на безбедносните сили на настан кој беше најавен како мирен протест. Тешко е да се разбере потребата за спречување на група мирни демонстранти. Впрочем и групата не беше многу голема и не им беа дадени кредибилни причини зошто беа блокирани. Самото тоа предизвикува загриженост. Не се мисли на професионалноста на полицијата, бидејќи, како што реков, тие не употребија сила. Тешко е да се разбере зошто протестот мораше да се спречи бидејќи станува збор за експресија на слободата на говор. На граѓаните треба да им се дозволи отворено и слободно да се изразуваат кога се загрижени.

РСЕ: Како се рефлектираат последниве настани на владеењето на правото во земјава?

Схурман: Навраќајќи се на извештајот за напредокот, јасно е дека постои загриженост кога станува збор за владеење на правото во Македонија, посебно за фундаменталните права и слободи. Се чини дека кога станува збор за крајната линија, за стабилноста и за независноста на надзорните институции – тука се собранието, медиумите и судството, има сериозна загриженост од прекумерна контрола и за користење на одредени механизми на политизиран и селективен начин. Можеби тука станува збор само за перцепции, но има такви перцепции и потребно е справување со нив. Дури и ако станува збор само за перцепции, тоа не е добро за демократијата и стабилноста на оваа земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.