Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шутаров: 24 часа Град Скопје ништо не преземаше со блокадите во КХС за да креира медиумска фама

0
By Ана Василевска on July 13, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Гордан Шутаров
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата на која сите бевме сведоци викендот што се случуваше на улиците во Скопје е трета во низата ситуации во последните година и половина што му се случуваат на Град Скопје за првпат во историјата, истакна советникот на СДСМ, Гордан Шутаров за време на вонредната седница на Советот.

„ЈП Комунална Хигиена Скопје престана да ги извршува своите функции односно престана да ги сервисира потребите на граѓаните за кое е формирано уште од далечната 1944 година со одлука на првата седница на Народноослободителниот одбор на Град Скопје како одделение за комунална хигиена во рамките на Градот Скопје… 79 години ова ЈП го опслужува градот Скопје континуирано за денес на 13.07.2023 година да говориме дека јавното претпријатие прекина да ја извршува работата и да ги сервисира потребите на граѓаните во неколку последователни дена. И тоа поради проблеми за кои ние како советници избрани од страна на граѓаните имаме право и одговорност да бараме одговори, да ја бараме и да ја знаеме причината или причините кои довеле до ваквата ситуација во претпријатието. Дотолку повеќе што имаме и обврска и одговорност како законодавен орган во Град Скопје, но и како основач на ЈП активно да учествуваме во решавањето на проблемите доколку можеме и знаеме како да ги решиме и да помогнеме во надминување на ситуацијата особено сега во летниот период кога температурите се повисоки и можат да доведат до определени несакани ситуации за кои и многу доктори и професионалци предупредија до какви непосакувани сценарија може да дојде“, рече Шутаров.

Тој потсети дека вечерта од петокот кон саботата веќе започнале определени блокади во КХС кои потоа кулминираат.

„Во неделата веќе почнаа граѓаните масовно да споделуваат дека контејнерите во секоја од населбите и општините во Скопје се преполни… Разликата од почетокот до кулминацијата се 24 часа. 24 часа време за кое раководството на Градот Скопје, во овој случај Градоначалникот има можност, но и одговорност и обврска да го спречи ваквото однесување и какво било оневозможување со работа на ЈП кое врши исклучителна важна општествена комунална дејност. Кризниот штаб кој беше свикан во неделата во моментот кога фејсбук хероите веќе почнаа ПР агенда со 4-5 камиончиња собран смет. Иако секоја чест на сите што се обидоа сами, но знаеме и треба да бидеме свесни дека со едно или две камиончиња по Општина може да собере отпад само од една урбана средина или маало односо месна заедница, а за целосно чистење се потребни и повеќе време и поголема логистичка подршка. Но, што е тука е …, Кризниот штаб потребно беше и мораше да се свика во саботата, заедно и со другите јавни претпријатија, ако треба заедно и со советниците или дел од советниците во Градот Скопје, од комисијата од областа на комуналните дејности. Како градоначалник на Градот Скопје, нужно беше иницијативата за одржување на координативно тело на градоначалници на Скопски плански регион да дојде токму од Вас како градоначалник на главниот град исто така во саботата, за да не дојде до такво сценарио какво што дојде и беспотребно граѓаните да бидат лути и гневни заради тоа што тоа можело да се спречи ама не се спречило зашто морало да има медиумска фама. Фамата е очигледно тоа што ги движи процесите и политиката ама за жал граѓаните ги трпат последиците и тоа не е фер“, истакна советникот Шутаров во обраќањето.

Гордан Шутаров Град Скопје ЈП „Комунална хигиена“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.