Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ќе станат родители на почетокот на 2018 година. Германскиот портал „Бунте“, повикувајќи се на извор близок до фудбалерот, наведува дека поранешната српска тенисерка е бремена во четврти месец. Во веста се додава дека и целата соблекувална на Чикаго Фајр, клуб за кој настапува Германецот, се погласно говори за скорешното проширување на семејството на познатата спортска двојка.
Ивановиќ пред неколку дена допатува во Белград. Како причина за посетата, од оваа перспектива, се толкува споделување на радосната вест со нејзините најблиски.
Шампионката на Ролан Гарос од 2008 година кон крајот на минатата година ја заврши кариерата и веднаш најави посветување на семејството. Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа лани во јули и моментно живеат во САД поради ангажманот на германскиот интернационалец во тимот од МЛС лигата.