Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шврговски го повикува Јовески да ги истражи наводите за притворот на Мијалков: Ова го нема ниту во Африка

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство и Кривичниот совет требаше да го спроведе решението за нашиот клиент да излезе. Во овој момент имаме гаранција која е спроведена и не можеме да ја избришеме, а имаме неправосилно решение на Основниот суд, но нашиот клиент е во затвор и се брои решението на Основен суд – нешто што го нема ниту во африканска земја, изјави на денешната прес-конференција бранителот на поранешнито директор на УБК, Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ.

Решението на Апелациониот суд, посочи Давидовиќ, е правосилно, за разлка на тоа од Основниот суд и со ваквкото однесување, според него, се создава опасна судска пракса каде „по порачка се добиваат решенија“.

– Зошто сметаме дека е по порачка решението. Затоа што министерот за правда направи голем притисок, каде што сервилното Обвинителство постапи и клиентелистичкиот Суд донесе решение. Овој пат реагиравме, затоа што решението беше под притисок на извршната власт и затоа што Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство. Ништо за тие четири часа не можеше да се смени, а Кривичниот совет го имаше решението, но под притисок на извршната власт, координирани со Обвинителството дадоа барање на кое Судот експресно одговори и донесе решение со кое, буквално плука по Апелацискиот суд, изјави Давидовиќ.

За тоа кои се следните чекори за Мијалков да излезе од притвор, Давидовиќ рече дека, не може да има судир на судски надлежности меѓу повисок и понизок суд и создавање на опасна пракса.

– Што ќе направиме понатаму, зависи од тоа кои чекори ќе ги преземе јавниот обвинител, Апелацискиот суд и Основниот суд, кој го суди „Плацеви на Водно“. Во случај да нема реакции, какви што налага законот, одбраната ќе размисли дали ќе преземе дејствија во таа насока, посочи Давидовиќ.

Според адвокатот Љупчо Шврговски, „министерот во заминување“ изнел тврдења со кои што директно го повредува правниот дискурс и го подрива она за што треба да се грижи – уставниот принцип за поделба на власта.

– Министерот за правда не е дел од некаква естрада за да искажува мислења на Фејсбук. Со своето однесување, тој го повреди уставниот принцип. Нејасно е како министерот можел и од каде ги добил информациите, за тоа кој судија како гласал. На овој начин одбраната доаѓа до заклучок дека министерот имал линк со некој од судиите кои што го информирале, кршејќи ги одредбите од ЗКП, изјави Шврговски.

Шврговски, го повика јавниот обвинител по допрен глас да ги истражи сите наводи изнесени од министерот, да оформи предмет и да донесе соодветна одлука.

Адвокатот Петар Василев, посочи дека Судот вовел негативна пракса, каде се бара притвор без никакви аргументи и без да се сослуша одбраната и самиот тој во врска со навдоите за бараниот притвор.

– И во првиот и во последниот случај, ниту одбраната, ниту Мијалков, бевме повикани пред Судот, иако е тоа законска обврска и на Судот и на Обвинителството да ја повика одбраната и самиот човек на кого се однесува барањето за определување мерка. Во последниот случај, иако ние како одбрана бевме во Судот, не бевме повикани да ни се образложи предлогот и од тие причини има скандалозни и небулозни барања од Обвинителството, изјави Василев.

Прашан под кои основи се бара Мијалков да биде ослободен за предметот „Плацеви на Водно“, адвокатот Давидовиќ рече дека поднеле жалба против решението за одредување притвор за предметот „Плацеви на Водно“, бидејќи предметот не е завршен.

– Не може во друг случај да се даде гаранција, освен во случај на опасност од бегство и затоа Апелација ја прифатила, сметајќи дека таа гаранција е доволно за да го обезбеди неговото присустви, изјави Давидовиќ.

Љупчо Шврговски Мијалков притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.