Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Си-Ен-Ен: Кина од почетокот криела податоци – пријавувала помалку случаи на коронавирус од реалниот број

0
By Нова ТВ on December 1, 2020 СВЕТ
Фото: adn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документи, во кои ексклузивно имал увид Си-ен-ен, покажуваат дека Кина направила значајни пропусти на почетокот на пандемијата на корона вирус.

Документите кои протекоа во јавноста се од кинеската провинција Хубеи и покажуваат дека на почетокот Кина пријавувала значително помал број на случаите на коронавирус од реалниот, дека и биле потребни недели за да дијагностицира нови случаи и оти не ја известиле јавноста за врвот на сезоната на грип во Хубеи во декември минатата година, што се совпаѓа со времето кога во земјата се појавија првите случаи на вирусот, јави Си-ен-ен.

Податоците од 10 февруари покажуваат 5.918 нови случаи, повеќе од двојно од бројот кој го пријави Кина. Во извештајот со ознака „интерен документ, доверлив“, локалните здравствени власти во провинцијата Хубеи, каде првпат е откриен вирусот, на 10 февруари наведоа вкупно 5.918 новооткриени случаи, што е двојно повеќе од официјалниот јавен број на потврдени случаи. Таа поголема бројка не беше објавена во тоа време, а се чини дека Кина ги презентираше податоците на начин за да ја намали сериозноста на епидемијата.

Претходно непознатата бројка е во низата откритија содржани на 117 страници протечени документи од провинцискиот центар за контрола и превенција на болести Хубеи, кои ги поседува и чија автентичност е потврдена од Си Ен Ен.

Кина жестоко ги отфрли обвинувањата на САД и другите западни влади дека намерно ги задржала информациите за вирусот, тврдејќи дека е искрена со светот уште од избувнувањето. Сепак, иако документите не даваат докази за намерен обид да се сокријат наодите, тие откриваат голем број недоследности во она за што властите биле свесни и што било откриено во јавноста.

Една од највпечатливите точки на податоците се однесува на бавноста со која се дијагностицираат локални пациенти со Ковид-19. Иако властите на Хубеи и го презентираа на јавноста својот однос кон почетното избивање на епидемијата како ефекасен и транспарентен, документите покажуваат дека локалните здравствени власти се потпирале на несоодветни механизми за тестирање и пријавување за нови случаи.

Извештај во документите од почетокот на март покажува дека просечното време помеѓу појавата на симптомите до потврдена дијагноза е 23,3 дена. Експертите за Си-ен-ен изјавија дека ова значително го отежнало следењето на болеста и борбата против неа.

Кина, од друга страна, одлучно ги бранеше своите постапки од избувнувањето на епидемијата. На прес-конференција на 7 јуни, Кинескиот државен совет објави Бела книга во која се вели дека кинеската влада секогаш објавувала информации за епидемијата на „навремен, отворен и транспарентен начин“.

Здравствените експерти велат дека документите јасно покажуваат што сè Кина знаела за епидемијата на корона вирусот во првите месеци.

Денеска, на 1 декември, се навршува една година откако првиот познат пациент покажа симптоми на болеста во главниот град на провинцијата Хубеи, Вухан, според клучното истражување на медицинското списание „Лансет“.

Откритието во документите што ги покажуваат првите податоци за корона вирусот во Кина, се случува во време кога САД и ЕУ го зголемуваат притисокот врз Кина за целосна соработка со Светската здравствена организација за откривање на изворот на пандемијата, кој се прошири на повеќе од 60 милиони луѓе, додека 1,46 милиони луѓе починаа.

Си-ен-ен ги добил документите од „свиркач“, кој побарал да остане неименуван. Тојвели дека работи во кинескиот здравствен систем и дека е мотивиран да ја открие вистината која е цензурирана и да им оддаде почит на колегите кои исто така прозбореле за епидемијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.