Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Си заминавме не затоа што сакавме туку затоа што системот не` истурка

0
By Zoran Ivanov on December 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 25, 2025 21:25

Не си заминавме затоа што не ја сакаме Македонија. Си заминавме затоа што системот нè истурка. Затоа прашањето не е зошто дијаспората не се враќа. Прашањето е кога ќе има услови да се вратиме како луѓе, а не како евтина работна сила.

Снежана Јашаровска

Ја слушнавме вашата покана дијаспората да се врати во Македонија. Звучи убаво, но реалноста е сосема поинаква.

Кога да се вратиме, господине премиер? Кога ќе завршиме факултети, ќе учиме, ќе се усовршуваме и ќе стекнеме занает што во други држави се цени и се плаќа, па да дојдеме дома и да работиме за 500 евра. И тоа ако платата стигне на време. Ако не, ќе слушнеме дека нема средства.

Што да дојдам во Македонија да работам како медицинска сестра, наставник или друг стручен кадар, а да живеам од месец за месец и да се прашувам дали ќе можам да ги покријам основните трошоци.

Кога да се вратиме да живееме во загадени градови, без план, без систем и без воздух. Дрвјата не се садат по улици, туку по канцеларии и фотелји.

Кога да се вратиме ако, не дај Боже, ни се случи неправда. Во држава каде што судството не одлучува според закон, туку според врски, познанства и интереси. Каде што правдата не е иста за сите.

А да не даде Господ да се најдеме во ситуација жена да биде тепана, понижувана или малтретирана од сопругот. Да отиде во полиција и таму да биде исмејувана, да ѝ кажат „ајде бе, иди дома, ќе се смирите“. А после, кога ќе биде предоцна и кога ќе згасне уште еден млад живот, да гледаме извинувања и изјави дека требало да се реагира. Тогаш веќе е доцна.

Нема систем што ги штити жените. Нема сигурност, нема доверба во институциите, нема чувство дека државата стои зад жртвата.

Да не даде Господ да се вратат луѓе со деца со аутизам или со посебни потреби. Во Македонија за тие деца нема доволно средства, нема поддршка, нема услови, нема систем. Родителите се оставени сами, а децата растат во болка и занемареност.

Да се вратиме каде? Да се вратиме во држава каде што струјата се гаси кога некому така ќе му текне. Каде што во 2026 година нашите деца ќе седат во ладно, во темница и со свеќи, како да не живееме во Европа, туку во некое друго време. Да учат, да растат и да спијат во студ, додека ние треба да се убедуваме дека тоа е нормално. Да се вратиме во држава каде што основните услови за живот не се сигурни и каде што граѓаните живеат со страв дали утре ќе има струја, греење и светло.

А сето ова го пишуваме ние, дијаспората што со години ја промовира Македонија надвор од нејзините граници. Ја промовираме државата, културата, јазикот и народот без ниту еден денар поддршка. Никој не нè платил и никој не нè поддржал институционално, но секој ден ја браниме Македонија со зборови и дела.

Не си заминавме затоа што не ја сакаме Македонија. Си заминавме затоа што системот нè истурка.

Затоа прашањето не е зошто дијаспората не се враќа. Прашањето е кога ќе има услови да се вратиме како луѓе, а не како евтина работна сила.

Се надеваме дека оваа порака ќе стигне до премиерот и дека сите што ја читаат ќе помогнат ова писмо да биде видено и слушнато. Ова не е напад, туку реалност што премногу долго се игнорира.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна снежана јашаровска ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

ВЕСТИ May 20, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот…

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.