Едно лице загина, а седуммина се повредени, меѓу кои и деца во руски напад на Харков извршен утрово.
Руските сили утринава со дронови го нападнаа Харков, а една од целите била и приватна детска градинка во Холоднохирскиот округ. На местото на нападот избувна пожар, потврди градоначалникот Игор Терехов.
Седум лица повредени по директен руски напад на градинка во Харков. Едно лице загина. Руското варварство не познава граници. Повикувам на силни реакции и чекори за Русија да ја почувствува цената на нејзините злосторства. Разговорите не можат да го запрат овој терор. Оружјето и санкциите можат, напиша на Х украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

