Четири лица загинаа и 26 се повредени во судар на патнички и товарен брод на југозападот на Сибир.
Патничкиот брод е оштетен, а патниците се евакуирани, јави ИТАР-ТАСС. Несреќата се случила на реката Иртиш кај местото Новаја Станица.
Регионалната управа на Министерството за внатрешни работи соопшти дека капетанот бил во алкохолизирана состојба.