Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сигурна куќа – мост од пеколот до нормален живот за ЛГБТИ лицата

0
By Нова ТВ on June 26, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во општество како македонското, воопшто не е лесно да се отсткокнува од стандарното однесување, особено кога е во прашање сексуалноста. Лицата кои и припаѓаат на ЛГБТИ заедницата се уште мораат да се борат за рамноправноста, како во општествени рамки, така и во семејни. Многумина геј луѓе се соочуваат со притисок и непријателство токму во своето семејство. Кога овој притисок ќе премине во насилство кое е невозможно да се поднесе, тука е Сигурната куќа која им нуди прибежиште на овие луѓе.

Сигурната куќа во Скопје од нејзиното отворање од октомври 2017 година до овој момент е првиот безбеден простор наменет за најмаргинализираните припадници на ЛГБТИ заедницата кои се повозрасни од 18 години, концепиран како програма за резиденција која вклучува услуги за поддршка, најчесто обезбедени по основ на ризик од дискримнинација, семејно и друг вид насилство или ризик од бездомништво.

Зорица Николова која е менаџерка на Сигурната куќа вели дека сите услуги кои лицата таму ги добиваат се бесплатни.

-Сигурната куќа има капацитет за 7 корисници и работи 24 часа, постојано, секој ден. За корисниците е обезбедено: домување, храна, средства за лична хигиена, основни медикаменти, како и правни услуги, услуги од психолог и социјален работник.Во текот на изминатава година, шелтер центарот Сигурна куќа направени се: 4  кризни сместувања, 8  долгорочни сместувања и 1 продолжен престој, што значи, центарот направил вкупно тринаесет 13 сместувања, а до сега од отварањето во Сигурната куќа има вкупно 26 сместувања – вели Николова.

Лицата по напуштањето на шелтер центарот се мониторираат од страна на стручниот тим во период од три до шест месеци, а тој период може да се пролонгира и до девет месеци.

Бидејќи Сигурната куќа е замислена како мост од привремено до обезбедувањето на постојано домување на лицата кои се таму сместени, тие обично се сместуваат во истата во период од четири до шест месеци, со можност за пролонгирање на престојот.

-За време на престојат се работи на процесот на ресоцијализација на корисниците на услуги. Услугите кои им ги нуди Сигурната куќа се во насока на воспоставување психолошка и социјална стабилност со поддршка од професионалниот тим кој работи во Сигурната куќа, градење на нови и здрави начини на животно функционирање како и постигнување цели за работа која ќе доведе до економска стабилност – вели Николова.

Според неа, процедурата за прием на ЛГБТИ лице во Сигурната куќа е стандардна, по прием на повик на СОС линијата следи психосоцијална проценка од стручниот тим. Доколку за проценката стручниот тим одлучи дека е позитивна, лицето се сместува во шелтер центарот – Сигурна куќа. По влезот во истата, се отвара досие за корисник и се потполнува потребна документација.

Сигурната куќа функционира според принципите на работа на другите шелтер центри низ земјата како и според националната легислатива. Тимот на Сигурната куќа овозможува корисниците да имаат 24/7 домување, редовни оброци, медицински препишани лекови од соодветен лекар/психијатар.

Тимот на Сигурната куќа ја реализира придружбата на лицата кои се корисници на услуги до институциите од кои им се потребни услуги, со цел сигурен и адекватен пристап до истите и заштита од евентуални извори на дискриминација и насилство. Движењето на лицата кои се сместени во Сигурната куќа им е непречено и по слободна волја.

Тоа што е значајно е дека секое лице кое престојува во Сигурната куќа ги следи правилата и куќниот ред на истата, кое постојат со цел гаранција на безбедноста и дискрецијата на локацијата и на лицата кои домуваат во шелтер центарот. Ова е суштинска компонента која овозможува непречено функционирање на работата на шелтерот.

Која форма на насилство е најчеста форма поради која ЛГБТИ лицата се одлучуваат да побараат помош? Постојат ли некои статистички податоци за возраста на луѓето на кои им е потребна помош?

-Спроведените истражувања и годишната анализа на потребите и предизвиците со кои се соочуваат ЛГБТИ лицата во Македонија на ЛГБТИ Центарот за поддршка укажува на високи проценти на жртви од насилство поради нивната сексуална ориентација и/или родово идентитет (СОРИ). Во тој процент спаѓа физичко, психолошко и вербално насилство, а загрижувачки е фактот дека голем број од жртвите на насилство се всушност жртви на сите три вида на насилство и најчесто предизвикано од семејството или партнерите.

Овие статистички податоци и психо-социјалните проценки на нашите штитеници директно говорат  за степенот и видовите на насилство на кои тие се изложени, а поразителен е фактот дека возраста на луѓето кои се обраќаат за помош е помеѓу 20-30 години – вели Николова која е менаџерка на Сигурната куќа.

Сигурната куќа функционира под ЛГБТИ Центарот за поддршка и воедно е акредитирана од Министерството за труд и социјална политика, исполнувајки ги сите предвидените стандарди и условите за работа според Правилникот за нормативите и стандардите за основање и започнување со работа на установи за социјална заштита Центар за лица – жртви на семејно насилство.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.