Сигурната куќа е основана во 2017 година и обезбедува привремено сместување за ЛГБТИ лица во безбедно живеалиште.
Сигурната куќа се обврзува континуирано да работи на прекин на кругот на насилство врз ЛГБТИ луѓето, овозможувајќи им засолниште од изворот на насилство и услови да можат да продолжат со индивидуален и достоинствен живот.
Приоритет на Сигурната куќа е работењето врз основа на принципите на: доверливост, дискреција, недискриминација и емпатија.
Во рамките на институционалниот грант Цивика Мобилитас, Хелсиншкиот комитет подготви видео приказна за Сигурната куќа и корисник на услугите и заштитата што таа ја нуди.