Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди Западен Иран. Десетици луѓе се повредени, а нанесена е голема материјална штета, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Иранската телевизија соопшти дека земјотресот се случил кај градот Мур-Мури, на 500 километри од престолнината Техеран, во 07.02 часот по локално време (2.32 по Гринич).
– За среќа, досега нема информации за загинати, но има многу повредени, како и материјална штета, изјави претставникот на локалната Црвена полумесечина.