Силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северниот дел на Тихи Океан, на подрачјето помеѓу Алеутските Острови и руска Камчатка, соопшти Американскиот геолошки завод.
18 Јули 2017 08:43 Viber
Засега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета.
Американскиот Пацифички центар за алармирање од цунами издаде предупредување дека земјотресот може да предизвика појава на цунами на подрачје од 300 километри.