Потрес со магнитуда од 6,8 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд јужно од главниот град Велингтон, кој ги натера работниците и станарите да излезат на улица само после една недела од предходниот земјотрес кој го погоди градот.
После првиот потрес следуваше послаб со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот беше недалеку од северниот врв на новозеландскиот Јужен остров на длабочина од 10 километри.
Новозеландските власти јавуваат дека е прерано за проценка на штетите, но забележани се оштетувања на некои згради. Опасност од цунами не е објавена.
Воздушниот и железничкиот сообраќај беа во прекин со цел да се изврши проверка на инфраструктурата, на делови од островот снема електрилна енергија.
Земјотресите се доста честа појава на Нов Зеланд кој се наоѓа меѓу австралиската и пацифичката тектонска плоча.