Бандар Абас: Силна експлозија одекна во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град, јавија иранските медиуми.
Претставник на локалната самоуправа изјави дека сè уште е непозната причината за експлозијата. Најмалку 195 луѓе се повредени.
-Експлодираа неколку контејнери складирани на едно од пристаништето Шахид Раџаи. Моментално евакуираме луѓе и ги транспортираме повредените во медицинските установи“, изјави претставник на локалните служби за итни случаи за иранската државна телевизија.
Пристаништето Шахид Раџаи е едно од главните трговски пристаништа во Иран, лоцирано повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран.