НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силно невреме во Белгија – поплавени куќи и возила

0
By Biljana on July 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белгија повторно беше погодена од силно невреме што предизвика штети, само десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица, јавија утринава западните агенции. Поплавата во градот Динанту носеше возила, блокирајќи го железничкиот премин, јавија белгиските медиуми, повикувајќи се на железничката компанија Инфрабел.

Железничкиот сообраќај на почетокот на месецов беше блокиран токму поради поплавите.

Поплави има и во градот Намур, јави мрежата РТБФ. Во овој главен град на Валонија, еден ѕид се урна врз тротоар во близина на казино, и неколку куќи мораа да бидат евакуирани. Невремето погоди и други градови низ Белгија, јави агенцијата Белга.

Свлечишта се регистрирани во провинцијата Валон Брабант, а во провинцијата Антверпен на северот на земјата, спасувачките служби добиле повеќе повици за помош. Во овој регион, куќите се поплавени, а една куќа беше погодена од гром.

Засега нема достапни информации за можни смртни случаи или повреди во невремето.

Белгија до петокот имаше регистрирано 36 смртни случаи од претходните поплави, а седум лица се уште се водат за исчезнати.

На социјалните мрежи се шират снимки од поројните улици, што потсетуваат на сцените од пред десет дена во провинцијата Лиеж.

Портпаролот на службата за кризни ситуации, Антоан Исе, изјави дека „ситуацијата на никаков начин не може да се спореди со поплавите од 14 и 15 јули“, бидејќи вчерашните врнежи не предизвикаа излевање на реките. Но, додаде тој, материјалната штета е голема затоа што се поплавени подруми, станови и возила.

Белгија поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.