Невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и грмежи, попладнево го зафати Скопје.

Како последица на силниот ветар, во Чаир се забележани неколку откорнати дрвја и искршени гранки, фотографии какви што се споделуваат по социјалните мрежи.

Засега нема информации за причинета материјална штета.