Пет мажи најпрво го претепале мажот кој ја придружувал, а потоа ја врзале и повеќекратно ја силувале фоторепортерката која работела на репортажа во Мумбаи.
Полицијата соопшти дека синоќа 23-годишна девојка била силувана од пет лица додека во пуст крај на елитниот центар во Мумбаи правела репортажа за старите згради со уште еден колега. Таа работела за еден магазин кој се печати на англиски јазик.
Таа е хоспитализирана во градската болница, а идентификувала двајца од напаѓачите по име бидејќи ги чула како се довикуваат. Фоторепортерката има повеќе внатрешни повреди, пренесе АФП.
Индиската полиција приведе 16 лица на разговор.
Овој случај е доста случен со оној во декември минатата година која девојка од Њу Делхи повеќекратно беше силувана додека се возеше во градски автобус. И тогаш силувачите најпрво го претепаа мажот кој ја придружуваше. Девојката после тоа почина.