Published: Thursday, October 10, 2013 18:08
Комуналната инспекција во Струга ги симна македонските државни знамиња кои вчера ги постави НВО „Каприкорн“.
Знамињата на влезот на градот се отсранети, а останаа само неколкуте поставени во некои делови од Струга.
Градските власти тврдат дека незаконски е самоиницијативното поставување знамиња. а подоцна според инспекторите согласно законот покрај државното знаме на јарболите за таа намена, било поставено и знамето на албанската заедница.




