Министерството за транспорт и врски денеска пред новинарите на прес-конференција која ја одржа пред просториите на општина Центар, презентираше документ кој докажува дека градоначалникот на Општина Центар уште во октмври минатата година го известил Советот на општината дека ќе се продава земјиште по таа цена.
Тоа според Драган Симоновски од Минстерството за транспорт и врски, влегло и во програмата за работа на Советот на Општина Центар, „тие морале да знеат за колку ќе се продава и кои се проценките од финансиските приходи за општината од евентуалната продажба“, изјави Симоновски.
На прашањето на НОВА дека граѓаните ги интересира зошто земјиштето е продадено за цена од 71 денар за квадратен метар, а не за припирките меѓу министерството и општината, Симоновски со одговор: „Како што е досега повеќепати кажано тоа го направивме за стимулирање на хотелиерството“.

