Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симовски: Ни требаат уште попишувачи, конкурсот е отворен

0
By Biljana on August 12, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 12, 2021 20:39

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека има слаб интерес кај луѓето да се пријават на конкурсот за попишувачи за претстојниот Попис и оти им недостигаат од 1000 до 1500 лица.

Тој смета дека слабиот интерес за попишувачи не се должи на пандемијата, туку поради тоа што огласот бил излезен за време на летните одмори, во период кога има работа во земјоделството и кога луѓето се заминати сезонски да работат надвор од државата. Во вечерашното гостување на телевизијата „Сител“ Симовски апелира заинтересираните да се јават на конкурсот.

„Пописот напролет се одложи за септември. И ова беше период кога моравме да го објавиме огласот за попишувачи. Не очекував дека ќе има толку слаб интересот, особено во пописните реони кои го покриваат градот Скопје и околината, Охрид, Струмица, Ново Село и пописните реони каде што живее албанското население. Ни недостасуваат околу 1000 до 1500 попишувачи“, вели Симовски.

Тој информира дека во 20 реони од вкупно 50 веќе има задоволителен број попишувачи.

Симовски оценува дека стравот од пандемија не е причина за малиот интерес на граѓаните да аплицираат за попишувачи, оти огласот бил објавен во време кога бројот на заразени бил многу мал. Но, и сега кога бројот се зголемува, луѓето инсистираат да нема никакви мерки.

„Инсистираме да одиме по кафеани, журки, да правиме свадби. Ако имаме страв од пандемијата за пописот, зошто немаме страв од работите кои ги набројав. Непочитувањето на мерките не доведе до ваква ситуација. Од една страна велиме, се плашиме, не примаме попишувачи и не сакаме да бидеме попишувачи, а од друга страна, сакаме да седиме по кафеани и ни пречи да се вакцинираме“, вели Симовски, потенцирајќи дека тие работи се малку нелогични, односно пандемијата да се земе како оправдување.

Според него, има доволно време да се пријават заинтересираните на огласот за попишувачи за кои обуката почнува од 28 месецов.

„Ќе ги искористиме сите можности да ја пренесеме информацијата дека ни требаат попишувачи“, потенцира Симовски, кој, меѓу другото, смета дека луѓето не се доволно информирани дека им требаат попишувачи.

Доколку не успеат да соберат доволен број попишувачи, Симовски вели дека имаат план Б, но се надева дека, сепак, нема да има потреба од алтернативи.

Директорот на ДЗС истакна дека пописот ќе се спроведе според мерките за заштита. Половина од попишувачите веќе се вакцинирани, а другите изразуваат желба за да бидат имунизирани.

Тој потенцира дека пописот е законска обврска и не сака да бидат доведени во ситуација да применуваат санкции. Според законот, Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година треба да се одржи од 5 до 30 септември.

Апостол СИмовски попис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.