Секогаш ќе има незадоволни каков и попис да направите, но статистика не ја прави реалноста, статистика ја регистрира реалноста. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за Радио Слободна Европа.
Ќе имаме голема црна дупка на оние кои се иселиле од државата, што ние не сме ги регистрирале со тековните регистрации. Јас ќе бидам прв што ќе биде незадоволен од податокот, но тоа не значи дека нема да го прифатам, вели Симовски во интервјуто за РСЕ.