Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симовски смета дека има тивок бојкот на пописот во дијаспората

0
By Нова ТВ on March 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тивкиот бојкот на граѓаните кои живеат во дијаспората веројатно се должи на антикампањата за бојкот на пописот. Ова за Канал 5 го потврди директорот на заводот на статистика Апостол Симовски.Тој потенцира дека слабиот одзив на иселениците води во погрешна насока, и апелира тие да дадат свој придонес во оваа важна статистичка операција

-Toa што е мал одзивот во Австралија особено, меѓутоа и во Канада и САД веројатно се должи на антикампања која знаеме дека тече и имаме информации такви. Меѓутоа уште еднаш ги охрабрувам бидејќи ова е нешто што е во интерес прво на нив самите а и на државата за да собереме информации за тоа колку и каде имаме наши сограѓани, изјави Апостол Симовски.

Во меѓувреме на нецели две недели до официјалниот старт на пописот за граѓаните во Македонија, се уште не се знае дали истиот ќе биде одложен. Вчерашната изјава на првиот човек на комисијата за заразни болести Караџовски за евентуалното одложување каде тој потенцираше дека одлуката е политичка, за Симовски е погрешно разбрана.

-Мислам дека пораката на д-р Караџовски е погрешно разбрана, комисијата може да даде само препорака, не носи одлуки во никој случај. Меѓутоа единствениот субјект кој може да даде препорака по било што. Тие ни дадоа протоколи, но истите може да се менуваат зависно како се движат состојбите со ковидот и ако оценат дека условите се такви да не може да се одвие можат да дадат само препорака,изјави Апостол Симовски.

Според законот, комисијата треба да даде препорака до Владата, а Владата потоа до Собранието во форма на законско решение. Дел од експертите сметаат дека пописот треба да се одложи поради лошата епидемиолошка слика по примерот на соседните држави кој веќе го одложија спроведувањето на оваа операција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.