Синдикатот на УПОЗ денеска донесе одлука за одржување на протести во управата и правосудството со кој ќе се искаже незадоволството поради не усогласувањето на сите плати со порастот на минималната плата.
Протестите ќе се одржат на 7 април в четврток и на 8 април в петок во времетарење од два часа од 10 до 12 часот пред секоја институција.
– На седницата на претседателството на Синдикатот на УПОЗ, беше подготвен и амандман на Предлог законот за изменување на Законот за административни службеници кој треба да се донесе по скратена постапка, односно со амандманот барањето на Синдикатот на УПОЗ е усогласување на сите плати во износ од 2.800 денари за сите нивоа, велат од Синдикатот на УПОЗ.
Амандманот во текот на утрешниот ден, ќе биде доставен до сите пратенички групи во Собранието.