Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на дипломатска служба: Караѓозоска ја прекрши Виенската конвенција

0
By Нова ТВ on May 28, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2015 12:04

Синдикатот на Македонската дипломатска служба смета дека амбасадорката на Македонија во Хрватска, Даниела Караѓозоска ја прекршила Виенската дипломатска конвенција.

Имено, синдикатот откако бил известен дека амбасадорката Караѓозоска, на својот Фејсбук профил, а каде што е дефинирано нејзиното својство, истапила со огромно жалење за оставката на Гордана Јанкуловска, и констатирал дека тоа е точно, вели таа го прекршила чл. 3/1-а од истата Конвенција.

Од синдикатот велат Караѓозоска да пратела и-мејл или друг затворен облик на комуникација до нејзината другарка, партиска соборка, и и го кажела истото – тоа е приватна работа.

– Ама, истапување во јавност – е рамно на кажување СТАВ НА ДРЖАВАТА!??? Тоа, автоматски значи дека сите ние (не само таа) се идентификуваме со особа за која имаме многу јасни индикации за: прекршување човекови права, злоупотреба на службена дејност, сторени (тешки) кривични дела …, се вели во соопштението на Синдикатот.

Тие од министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски побарале јавно да се огради од настапот на амбасадорката, нејзе да ја повика на консултации во Македонија, а во зависност од тоа и да се размисли за нејзино отповикување.

– Меѓутоа, од една страна не добивме одговор ниту пак видовме дека министерот Попоски нешто презел. На друга страна, како што можеше да се претпостави, однесувањето на нашата амбасадорка во Хрватска – ескалираше. Покрај другото, таа дури решила да демантира дека луѓето што излегле да протестираат пред нашата Амбасада во Загреб се „… Македонци во Хрватска…”, па дури и да побара тоа и медиумот каде била објавена веста – самиот да го демантира. Меѓутоа, од објавените фотографии е видливо дека се работи за Македонци кои и’ се познати на нашата Дипломатска служба по име и презиме, со авторитет и дигнитет…и, тоа не е се! Таа ја изложила и цела Македонија и нашата Дипломатска служба на ПОТСМЕВ. Имено, медиумот решил да го објави актот во целост. Од тоа, можеме, на наше згрозување, да констатираме дека амбасадорката упатила „нота” до медиум, а себе си си се титулира со „Н.Е.” или Нејзината екселенција. Ниту е тоа нота, ниту „Н.Е.” е етикеција што се употребува за самиот себе, се вели во соопштението на Синдикатот за дипломатска служба.

Од овие причини, синдикатот се оградува не само од Караѓозоска туку и од пасивноста на министерот Попоски, а изразува надеж дека други субјекти во Македонија ќе реагираат на однесувањето и поставувањето, и како што велат, гафовите на Караѓозоска.

Вчера и Хрватската иницијатива за поддршка на протестите во Македонија потенцираше дека амбасадорката често истапувала со “гафови, рушење на честа и угледот на дипломатското претставништво, негово претворање во хрватска филијала на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, како и манипулирање со локалните здруженија на македонското национално малцинство во партиски цели“.

Тие на обвинението на Амбасадата на Македонија во Хрватска за тоа кој ги организирал протестите во Хрватска, одговорија дека иницијатори и организатори на загрепскиот протест биле слободоумни хрватски граѓани, припадници на македонското малцинство со поддршка од хрватски граѓани, здруженија и движења.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.