Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на УПОЗ: Се поизвесно е дека вработените во ФЗО ќе стапат во генерален штрајк

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе ја активира одлуката за штрајк донесена на 16.11.2023 година, доколку на утрешната седница на Управниот одбор на ФЗО се донесе одлука со која ќе се намалат платите на вработените како што тоа го бара Владата и Министерство за финансии, соопштија денеска од Синдикат на УПОЗ.

Во соопштението се повикуваат членовите на Управниот одбор и директорите на ФЗО да не ги доведат граѓаните во ситуација во која нема да можат да остварат ниту едно право од здравствено осигурување, бидејќи, како што се вели, доколку започне штрајкот ниту еден вработен нема да извршува работни задачи по никоја цена.

Синдикалната организација на ФЗО при Синдикатот на УПОЗ, се појаснува во соопштението, во преговори со раководството на ФЗО и Управниот одбор на ФЗО на 25.07.2023, постигна договор за покачување на платите на вработените во ФЗО во висина од 15 проценти во неколку фази.

– Ова покачување се пролонгираше се до месец декември 2023 година, кога за прв пат беше исплатено на вработените, за да вработените во ФЗО можат да се усогласат со платите со сродните институции. И покрај постигнатиот договор, Владата на Р. С. Македонија, излегувајќи надвор од своите надлежности и спротивно на законските норми, на седница одржана на 09.01.2024 година, донела Заклучок со која му препорачува на Управниот одбор на ФЗОМ да ги намали платите на вработените и тоа во висина од 21 процент. Доколку Управниот одбор на ФЗО го испочитува ваквиот заклучок на Владата и ги намали платите на вработените, голем дел од вработените ќе ги доведе до состојба да имаат плата под минималната и не само што ќе го прекрши Законот за минимална плата, Општиот колективен договор за Јавен сектор и Законот за здравствено осигурување, туку сите членови на Управниот одбор ќе сносат и кривична одговорност, се наведува во соопштението од Синдикатот на УПОЗ.

Се додава дека просечната бруто плата по вработен во ФЗО е пониска од сите сродни институции, министерствата и администрацијата во здравството и сите објаснувања кои ги дава Владата и Министерството за финансии дека не постојат средства за исплата на платите, стои во соопштението, се нелогични бидејќи во Буџетот на ФЗО има резерва од 1.6 милијарди денари, што е повеќе од доволно за исплата на платите со договореното покачување од 15 проценти.

– Буџетот на ФЗО е издвоен од Централниот буџет, средствата за плати не се предвидуваат од Централниот Буџет туку од Буџетот на ФЗО и никогаш до сега немало ваков проблем и вакво мешање во работата на ФЗО од страна на Владата и Министерството за финансии, соопштија денеска од Синдикатот на УПОЗ. 

ФЗО штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.