Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот бара средба со менаџментот на ТВ Алфа

0
By Нова ТВ on September 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 4, 2013 11:36

По отпуштањата на новинари во Алфа Телевизија, Синдикатот на новинарите веќе упати формално барање за средба со менаџментот на телевизијата. Чекаме одговор, информираат од Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија.

„За членовите е веќе обезбедена правна помош и преземени се сите неопходни чекори. Во меѓувреме сме во постојана комуникација со членството во ТВ Алфа“, велат од ССНМ.

Вчера отказ од телевизијата добил новинарот Бојан Стојановски, кој е добитник на годинешната награда на МИМ за истражувачка сторија.


Сторијата на тема партиски вработувања беше емитувана пред да се случат драстичните промени во уредувачката политика на оваа тв куќа.

>>ТВ Алфа ја доби фреквенцијата на поранешната А1

Бојан Стојановски за НОВА вели дека отказот и официјално му го образложиле со превработеност во телевизијата, а го примил еден ден откако се вратил од годишен одмор.

– Бев на годишен одмор и само што се вратив веќе следниот ден ме повика главниот и одговорен уредник и ми соопшти дека од утре не треба повеќе да доаѓам на работа поради финансиски причини, вели Стојановски за НОВА.

НОВА се обиде да стапи во контакт со главниот и одговорен уредник Коле Чашуле, но тој не одговори на телефонските повици и смс пораките.

Пред десетина дена отказ доби и новинарот Владимир Мирчевски, кој поради правните процедури кои се во тек остана воздржан од коментар. Неговиот однос со Чашуле вели најдобро може да се види во колумната на Божин Павловски кој напиша:

„Новинарот што го подготвил и емитувал тој избалансиран прилог за мене, доживеал понижување и притисок токму од Коле Чашуле (помладиот). А телевизијата со задоцнување го емитувала соопштението што било подготвено за сите провладини медиуми. Бидејќи ништо од тоа не гледав, не се почувствував обврзан да реагирам на тие глупости. Читателите на моите романи не би прифатиле ваков вид „државни“ манипулации. Но, моите синови не можеле да му се начудат на Коле Чашуле (помладиот), кој наместо да биде среќен што неговиот соработник му го обелил образот пред јавноста, постапил како да е вработен во Центарот за комуникации. Ако морал да го емитува тоа монструозно соопштение на власта, не можел ли да ме покани и мене, за да се избалансира сензацијата и да му го спаси угледот на својот соработник? Како што се прави во цивилизираниот свет“.

Како што се дознава тој одбил по сугестија на уредникот Коле Чашуле во својот извештај да ја нападне опозицијата. Како што веќе објавија медиумите, Мирчевски сметал дека воопшто темата ниту била за власт и опозиција туку за лустрацијата на Божин Павловски.

НОВА на крајот на мај објави дека телевизија Алфа дозвола за вршење радиодифузна дејност на национално ниво, соопшти Советот за радиодифузија. Фреквенцијата е земена од поранешната А1, најгледаната ТВ во Македонија скоро една деценија, која згасна 2011.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.