Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на дипломати до МНР: Институцијата е деградирана од вашите активности

0
By Влатко Чаловски on February 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 1, 2016 13:20


Синдикатот на македонската дипломатска служба денеска излезе на, како што тие го нарекуваат, предупредувачки протест пред Министерството за надворешни работи да укажат дека е потребен професионализам во “деградираното“ МНР.

Имено како што велат претставниците на Синдикатот, Министерството е целосно деградирано преку партиско преземање и вршење на надворешно-политички активности, катастрофална кадровска политика на амбасадорско ниво, катастрофална кадровска политика во централата во Скопје и институционално нефукционирање на МНР како и антидемократијата во меѓучовечките односи.

Тие потенцираат дека раководството на МНР веќе неколку години се однесува недолично, некооперативно и игнорантски на реакциите и барањата на Синдикатот на македонската дипломатска служба, што не соодвестува со практиката во ниту една нормална демократска држава.

За репрофесионализација на дипломатската служба тие денеска побараа најитно да се стават во мирување сите измени на постојниот Закон за надворешни работи од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени а да се врати оригинерниот текст на Законот од 2006 година.

Синдикатот бара што поскоро да бидат повлечен Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година, и враќање на Законот за државни службеници од 2000 г. во неговата оригинерна форма со цел избегнување потполна зависност на вработените од актуелниот министер на чело на институцијата.

Во својот говор пред медиумите, претседателот на Извршниот одбор на Синдикатот на македонската дипломатија, Сашко Тодоровски рече дека овој протест е преседан во македонската дипломатија, и дека носи јасна порака.

– Сакаме да го искористиме уставното право за да го изразиме незадоволството поради кое сме доведени во ваква состојба. Протест на дипломатите е преседан во 53-годишното постоење на оваа служба. Ние моравме да се одлучиме на ваков чекор затоа што на барањето за дијалог со Министерството за надворешни работи наидувавме на молк, објасни Тодоровски.

Тој се осврна на ингеренциите на економските промотори, кои вели, имаат поголемо овластување од дипломатските претставници.

– Кога економските промотори се пожалија на висината на надоместокот за сместување, Министерството им излезе во пресрет и веднаш со законски измени им дозволи неограничен лимит за надоместокот за сместување. Тоа не важни и за дипломатските претставници низ светот. Со тоа Македонија создава посебна дипломатска мрежа, која е паралелна со официјалната предводена од МНР, потенцираше тој.

Во име на дипломатите, Тодоровски порача дека доколку не наидат на внимание од Министерството за надворешни работи, тие ќе го радикализираат својот следен потег.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.