Синдикатот на Клинички центар ги поддржува предложените измени во Законот за здравствената заштита бидејќи како штпо потенцираат забелешките кои ги истакнувале се вметнати во новите измени на Законот.

„Синдикатот на Клинички центар беше единствениот релевантен чинител кој на јавната дебата за Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, одржана во октомври месец 2014 година во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет – Скопје, покрај другите забелешки, остро се спротистави на утврдените услови за договорот за специјализација нарекувајќи го таквиот договор “лихварски“, и оценувајќи го како штетен договор, и бараше од предлагачот истиот да го повлече.

За цело време Синдикатот на Клинички центар на барање на своите членови – доктори на специјализација, организираше званични состаноци со Здружението на  специјализанти и Асоцијацијата на специјализанти каде беа договарани постапките за остварување на заедничката цел – коректни и прифатливи договори за специјализација, истоветни на сега предложениот сооднос 1:1, односно за специјализација од шест години, по завршување на истата, докторите задолжително да работат уште најмалку шест години во ЈЗУ која им ја финансирала специјализацијата“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Од таму велат дека предлозите за измени во Законот за здравствената заштита на Здружението и Асоцијацијата на специјализанти, вклучувајќи ги и измените за Договорот за специјализација, Синдикатот на Клинички центар биле доставувани и за нив било информирано Министерство за здравство и другите релевантни чинители.

Од Синдикатот на Клинички центар информираат дека имало заложба од нивна страна при дополнителната дејност, согласно ценовникот за преглед или интервенција утврден од ЈЗУ, да се наплати услугата на медицинскиот тим, добивката на ЈЗУ и другите трошоци (потрошен материјал, амортизација на апаратурата и сл.), а  притоа на пациентот, корисник на дополнителната дејност да му важи осигурувањето, што било прифатено и од претставниците на Лекарската комора и Македонското лекарско друштво.

Во Синдикатот на Клинички центар велат дека се залагале да се укине и менаџерскиот испит за директорите сметајќи го истиот како нецелисходен и кој не го оправда досегашното негово постоење. Тие  сметаат  дека е позитивна законската можност, пензионираните доктори да работат како консултанти доколку тоа од нив го бара институцијата во која работеле.

.