Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на Клинички и здруженијата го осудија нападот на сестрата

0
By Нова ТВ on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 9, 2018 12:53

Синдикатот на Клинички центар најостро го осудува физичкиот и вербален напад на медицинската сестра од Клиниката за интензивно лекување и реанимација – КАРИЛ и се надева дека нападнатата медицинска сестра брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и знаење да им помага на пациентите.

„Во оваа прилика, Синдикатот на клинички центар сака да го искаже својот револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници. Статус кој е резултат на долгогодишните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници и соработници.

Во изминатиот период бевме сведоци на повеќе вакви немили настани поради кои  се потпиша Повелба и Декларација со цел да се стопира ова насилство врз здравствениот персонал. За жал сето ова очигледно остана без практична вредност и употреба.

Ја цениме и поддржуваме заложбата на Министерот за здравство за зголемување на безбедноста во кампусот клиники “Мајка Тереза“ и воведување полициски дежурства на критичните места каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти.

Но, стравуваме таа заложба да не биде привремена и во служба на дневната политика.

Поради тоа, Синдикатот на клинички центар од надлежните институции бара воспоставување систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници и 24 часовно професионално обезбедување во сите јавни здравствени установи во Република Македонија.

Истовремено, спрема Синдикатот на клинички центар нужна е добро осмислена и организирана медиумска кампања за подигање на дигнитетот на здравствените работници и соработници“,  се вели во соопштението на Синдикаот на Клинички центар.

И  Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС најостро ги осудува насилствата во здравството акцентирајќи го и последниот  немил настан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

„Апсолутно е недозволиво една хумана професија каква што е сестринската да биде жртва на вакви насилства. Физичкиот напад над медицинската сестра, која била на своето работно место е атакт и на целата фела.

Зарем покрај сите голготи со кои се соочуваме изминативе години и со кои се обидуваме да се избориме за нашите права, сега сме во ситуација кога треба да се плашиме и за својот живот?!

Аларманта е состојбата во нашето здравство бидејќи безбедноста при работа е една од основните начела која треба да ја има секоја професија. Главното прашање е зошто ни се случува сето ова? Што е тоа што го пропуштаме и зошто вакви ситуации ни се случуваат само во јавните здравствени установи? Постои ли виновник за направениот пропуст и загрозениот живот на медицинската сестра?

Како и до сега, Унијата транспарентно, јавно и гласно ќе зборува за неправдите и работите кои мора да се променат. Осудувањето на овој чин од страна на Министерството за здравство е нивна морална обврска но, истотака и превземањето на соодветни мерки.

Во последните изјави на МЗ се вели дека во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се вклучат дежурства на полицијата. Прашањето е зошто и до сега не беа истите вклучени, знаејќи дека ова не е прв ваков случај? Дали е ова единствениот начин и што е тоа што треба да го промениме внатре во здравствените институции како не би се случувале вакви инциденти и во иднина?

Од името на над 5000-то членство на Унијата апелираме до сите надлежни институции сериозно да ги прифатат нашите критики и да превземат соодветни мерки.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

И Здружението на медицински лаборанти при Клиниките во Скопје најостро го осудува инцидентот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, кој се случи вчера во утринските часови и во кој било физички и вербално нападнато медицинско лице кое работи во оваа установа во која се лекуваат најтешко болните пациенти.

„Воедно  бараме најостро да биде осуден извршителот на овој чин, а МВР да ги превземе сите мерки за спроведување на заштита на целокупниот персонал на Клиниките, на кои сме секојдневно подлежни на ваков удар, а со што се урива интегритетот и дигнитетот на сите здравствени работници и здравствениот систем во целина!“, се вели во реакцијата од Здружението на медицински лаборанти при Клиниките во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.