Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на Клинички повикува на масовна поддршка при утрешниот протест

0
By Нова ТВ on September 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 17, 2019 13:17

Синдикатот на Клинички центар го поддржува протестот под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ организиран од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и го повикува своето членство масовно да се придружи на протестот закажан за среда, 18.09.2018 година во 11 часот на хелиодромот во Клинички центар.

Ги повикуваме членовите на Синдикатот, кои се вработени во ЈЗУ вон Клинички центар во наведениот термин да излезат во дворот на нивните ЈЗУ во знак на поддршка на протестот.

Членовите на Синдикатот на Клинички центар, вработени во итната медицинска помош  за време на протестот со еднолична свирка од сирената да изразат поддршка на протестот.

Ги известуваме Директорите на јавните здравствени установи дека членовите на Синдикатот, на 18.09.2019 година својата получасовна пауза ќе ја користат од 11 до 11 и 30 часот со цел да можат да се приклучат на протестот за време на нивната пауза.

Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека Синдикатот на Клинички центар во целост се согласува со Министерот Филипче дека насилството врз докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравството е  рецидив од минатото и резултат на претходните популистички политики, но истовремено го прашува што направи тој во изминатиот период за да го реши тој рецидив.

Според зачестените, а не повремени и инцидентни напади на вработените во здравството очигледно ништо, или со бројки изразено, ако неговиот претходник пред 5 години, се соочувал со 5 случаи на напади на доктор годишно, Министерот Филипче се соочува со 15 случаи на напад на доктор за изминатите 9 месеци од оваа година.

Како и за многу други битни работи во здравството, Министерот Филипче го исклучи Синдикатот на Клинички центар од учеството во дебатите за решавање на проблемот со насилството во здравството. Со таа постапка ги остави вработените во Клинички центар без влијание во креирањето на политиките на надлежните институции во решавањето на овој многу важен проблем.

Од овие дебати за изнаоѓање решенија за спречување на насилството ја исклучи и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, иако е организатор на протестот на кој го најави своето присуство и рече дека ќе го предводи.

Со ваквиот селектиран и нетранспарентен пристап, дебатата во Деканатот на Медицински факултет – Скопје доживеа несакан, но предвидлив исход. На самата дебата присуствуваа повеќе излагачи од слушатели, а претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари јавно ги прогласи организаторите на дебатата за неподобни на протестот.

На крајот да прашаме како може да прави дискриминација на вработените во ЈЗУ и на едните да им обезбеди професионално обезбедување, а на другите да им посака добра среќа поради фактот дека по негови проценки се со помала веројатност дека некој ќе ги нападне.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.