Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на УКИМ најави потпишување на колективниот договор до 29 декември

0
By Ана Василевска on December 2, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
УКИМ
УКИМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конечниот колективен договор ќе биде потпишан најдоцна до 29 декември, а ќе претходи уште една средба, на 9 декември, со министерот за финансии  за исполнување на нашето барање за 25-процентно покачување на платите на вработените во наредните четири години, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по денешниот состанок со Талат Џафери, претседател на Собранието кое е основач на УКИМ.

За медиумите тој рече дека денеска имале конструктивна и плодна срeдба со претседателот на Собранието, заедно со адвокатката Мимоза Салтирова во својство на помирувач, врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање колективен спор со нејзино посредство согласно со Законот за мирно решавање на работните спорови.

„Ова е голема вест, радосна вест за вработените на најстариот и најголем универзитет и можеме слободно да кажеме дека по две години борба низ институциите, правна борба, не со штрајкови и со блокади како што гледаме секој ден по улиците узурпирајќи го правото на граѓаните слободно да се движат, успеавме да дојдеме до ветување дека конечниот договор ќе биде потпишан најдоцна до 29 декември, со тоа што на 9 декември ќе имаме средба со министерот за финансии да видиме како стои нивното размислување и просторот во однос на нашите барања за 25-процентно покачување во наредните четири години. Доколку не наидеме на разбирање тогаш Собранието, како највисок законодавен орган претставувано од неговиот претседател, ќе го потпише нашиот колективен договор“, изјави Ристов по средбата  што се одржа во Ректоратот на УКИМ.

Колективен договор што треба да биде потпишан ги застапува интересите на 2400 вработени, поголем дел се наставен кадар односно професори, но и ненаставен кадар кои се повеќе од илјада. Ристов нагласи дека нивната двегодишна синдикална борба повеќе се однесувала на  ненаставниот кадар затоа што тие не биле опфатени со, како што рече,  минималното покачување предвидено со потпишаниот гранков колективен договор.

„Имајќи предвид дека инфлацијата е галопирачка и тешки се условите за живот,  особено за нив, ова е знак на надеж дека конечно државата се свртува кон високото образование, кое е и иднината на државата, кон младите студенти. Се надеваме дека ќе дојдат подобри денови за УКИМ за подобрување на стандардот на вработените – и на наставниот и на ненаставниот кадар, но секако и за зголемување на квалитетот на знаење за студентите на УКИМ“, додаде Ристов.

Адвокатката Салтирова, помирувач во решавање на работниот спор меѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието како основач на Универзитетот, исто така оптимистички изјави дека договорот е на повидок и рече дека ова е „историски процес во Република Северна Македонија во однос на помирувањето“.

„Од почетокот на овој процес ги искористив сите законски можности, прибирав информации, остварував непосредни контакти со двете страни и немав никакви потешкотии или пречки. Напротив, постоеше преубава атмосфера за работа.  Очигледно е дека работите ни одат добро, имаме уште една средба по оваа, но на повидок е да се прифати заедничко решение. Со тоа, сметам дека овој спор ќе се оконча со потпишување спогодба која ќе биде дел од колективниот договор“, истакна Салтирова која оптимизмот го темели на тоа што претседателот на Собранието на средбата напомнал дека ова не го гледа како спор.

Таа не откри детали што е конкретно договорено на денешната средба, вклучително и за тоа дали и колкаво покачување  ќе има на платите, затоа што преговорите сè уште ќе траат и следната средба е на 9 декември.

„Ќе видиме каква ќе биде финалната проекција во однос на покачувањето на коефициентите. За претседателот на Собранието ова не е спорно, но тука се усогласуваме со обезбедувањето на финансиските средства што не зависи од него. Тој има волја да го потпише колективниот договор уште денеска, но самиот рече дека не е поентата да се потпише нешто кое не би можело во целост да се спроведе. Затоа преговорите ќе продолжат во однос на утврдување на висината на платите“, додаде помирувачот Салтирова.

Доколку на следната средба не се најде решение за обезбедување на финансиите, рече таа, во тој случај претседателот на Собранието има дискрециско право да го потпише колективниот договор онака како што бара Синдикатот. 

колективен договор Министерство за финансии УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.