Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдромот Хомо Балканикус

0
By Zoran Ivanov on November 11, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 11, 2025 11:53

Наместо пример за меѓусебно почитување и разбирање во повеќејазично и мултикултурно општество, настанот се претвори во сцена на политичка неудобност и етничка дистанца меѓу коалиционите партнери. Реакцијата на министерката од ВМРО-ДПМНЕ, која во повеќе наврати го прекинуваше градоначалникот барајќи превод, не беше само личен пропуст, туку одраз на подлабока системска неконзистентност, во држава што декларативно промовира европски вредности, но се уште не ја научила лекцијата на еднаквост и заемна почит.

Жанета Ќосе

Во време кога Балканот постепено се придвижува кон европските интеграции, Северна Македонија повторно ја гледа својата иднина преку ретровизорот. Власта, која ветуваше средување на состојбите дома и европеизација на институциите, ја претвори државата во лабораторија на неуспехот, каде ветувањата се заменети со контрола, а реформите со партиски калкулации. Најновиот извештај на Европската комисија е можеби најтрезвеното огледало на нашата реалност – држава која наместо да ги апсорбира европските вредности, се оддалечува од нив создавајќи лажен привид на патриотизам, додека институциите се распаѓаат под тежината на сопствената партизација. Се говори за пат кон ЕУ, но на тој пат веќе одамна нема чекори, туку само траги на од во место.

Клучните пречки пред правосудството, како што покажува најновиот извештај на Европската комисија, ја откриваат суштината на проблемот – недостиг од финансиска независност и континуирани надворешни влијанија. Судската власт, која треба да биде последниот бедем на правдата, е оставена без стабилна основа и без политичка волја за нејзино јакнење. Со буџет што зависи од милоста на извршната власт и притисоци врз членовите на Судскиот совет, правосудството тоне во зависност што ја поништува неговата суштина. Недостигот од кадар и ресурси создава дополнителен јаз меѓу очекувањата на граѓаните и можностите на системот, а корупцијата повторно станува правило, не исклучок. Во ваква средина, секој обид за независна правда е осуден на институционална изолација, а власта го претвора последниот бедем на борбата против криминалот во своја сопствена тврдина.

Довербата во институциите се распаѓа, случајот со суспендирањето на сите исплати од ИПАРД 3 програмата ја покажа целата сериозност на состојбата. Кога држава која се гордее со „европски пари“ ја губи довербата на европските фондови, тоа е јасен сигнал дека партизацијата и клиентелизмот го изеле системот до срж. Владата со денови ја држеше јавноста во незнаење, обидувајќи се да ја сокрие суспензијата, додека европските институции веќе ја повлекуваа поддршката. Тоа не е само удар врз земјоделството, туку врз самиот кредибилитет на државата. Кога луѓето што се гонат за корупција се истите што се назначени од власта, тогаш приказната за европски реформи станува фарса во режија на истите актери кои со години ја злоупотребуваат довербата на граѓаните.

Случајот од Тетово, кога министерката побара превод на изјавата на градоначалникот, уште еднаш ја разобличи хипокризијата на владиниот концепт за соживот. Наместо пример за меѓусебно почитување и разбирање во повеќејазично и мултикултурно општество, настанот се претвори во сцена на политичка неудобност и етничка дистанца меѓу коалиционите партнери. Реакцијата на министерката од ВМРО-ДПМНЕ, која во повеќе наврати го прекинуваше градоначалникот барајќи превод, не беше само личен пропуст, туку одраз на подлабока системска неконзистентност, во држава што декларативно промовира европски вредности, но се уште не ја научила лекцијата на еднаквост и заемна почит. Одговорот на ВЛЕН, кој ја обвини министерката за фрустрација и недостиг од чувствителност, само го потврди привидот на коалициски соживот скроен врз прагматични интереси, а не врз вистинска интеркултура. И токму тука, во оваа сценографија на поделени јазици и недоразбирања, најјасно се гледа лицемерието на политичките елити кои зборуваат за европска иднина, а се уште не научиле да се слушаат меѓусебе.

Во општество кое се обидува да го скрие сопствениот срам зад флоскули за патриотизам и соживот, вистинскиот патриотизам лежи во одговорноста и достоинството. Ако нашата држава навистина е мозаик од народи, јазици и култури, тогаш нашата иднина зависи од тоа како ќе ги поврземе тие парчиња со мостови, а не со ѕидови. Потребно е да изградиме држава во која различноста не е повод за поделба, туку извор на сила и заедништво, држава каде што човекот не е само гласач, туку граѓанин со глас и достоинство. Тоа треба да се нашите вредности, а не деструктивниот синдром Хомо Балканикус. Да ја замениме културата на поделби со култура на одговорност, да престанеме да бараме предавници и да почнеме да создаваме граѓани. Зашто љубовта кон државата не се мери во партиски симпатии, туку во одлучноста да се изгради праведно, европско и човечно општество, таму каде што достоинството на секој човек е највисока национална вредност.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.