Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синедејс: „Хулиета“ на Алмодовар и документарецот за фронтменот на ЕКВ

0
By Нова ТВ on November 14, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

milan

Денеска на програмата на Фестивалот на европскиот филм Cinedays, меѓу другото, е и најновото остварување на Педро Алмодовар – „Хулиета“, музичкиот документарец посветен на Милан Младеновиќ, една од најголемите рок-икони во екс-ју музиката, презентација на потпрограмана МЕДИА на Креативна Европа и работилница со Арне Колвајер, а завршуваме со концерт на Russian Circles & Helen Money.

Проекциите започнуваат од 20 часот во кино Милениум.

Најновиот филм на Педро Алмодовар „Хулиета“ по Кан сега е во трката за „европскиот оскар“. Филмот е приказна за Хулиета, средовечна жена што живее во Мадрид со момчето Лоренцо со кое планира да се сели во Португалија. Случајна средба со поранешната најдобра пријателка на нејзината ќерка Антија со која нема контакт и го менува животот. Скршена по 12-те години отсуство на нејзината ќерка, Хулиета го откажува патувањето и се сели во нејзината стара зграда, во надеж дека Антија еден ден ќе ѝ прати писмо. Сама со своите мисли, Хулиета почнува да пишува мемоари за да се соочи со настаните што се случиле кога била тинејџерка.

Филмот ја доби наградата за најдобар филм од International Cinephile Society Awards – ICS Cannes Award, како и наградата за најдобар интернационален филм на Филмскиот фестивалл во Сан Диего.

Во 22 часот во Милениум на репертоарот е филмот „Аргентина“.

Повторно истражувајќи ја длабоката магија на популарната музика, Карлос Саура понира во аргентинскиот фолклор за да ни понуди фасцинантен поглед на минатото, сегашноста и иднината на жанрот. Средбите на Саура со некои од најдобрите изведувачи и групи од Аргентина, како и богатиот репертоар на жанрот, ни дозволуваат да ја погледнеме оваа уметност од еден посебен агол, создавајќи културно-историски документ за идните времиња, засилен со сценски магнетизам и оригиналност.

Во киното Фросина во 19 часот е проекцијата на „Сите градови на северот“, додека во 21 часот „Жив песок“.

Филмот на Дане Комлјен се натпреварува во категоријата СинеБалкан. Тој е интерсна приказна за двајца мажи кои споделуваат врска која не може да се опише со зборови. Бобан и Борис живеат во напуштен комплекс на речиси идентични бунгалови, делејќи го просторот со диви магариња, пластични шишиња, грмушки брусница, шеќерни трски, високи дрвја и сезонски работници. Нивното секојдневие е нарушено кога уште еден маж, Дане, влегува во нивниот затворен свет. Дане со себе го носи надворешниот свет, приказни за тоа како нештата се создадени и за други времиња и градови на север и на југ. Се градат нови врски, а старите се менуваат.

Летонскиот филм на режисерот Ренарс Вимба ја освои наградата Кристална мечка на Берлинскиот филмски фестивал. Во него, преку осаменоста, разочарувањето и искуството на првата љубов го откриваме карактерот на Раја, 17-годишна девојка, која живее во рурална Летонија заедно со баба ѝ и нејзиниот помлад брат Робис. Зачудувачки сплет на околности ќе им ги промени животите и младата девојка е принудена да донесе одлуки, кои дури и возрасна жена тешко би ги донела. Во својот одличен дебитантски филм, режисерот Ренарс Вимба внимателно ја пренесува деликатната тема на созревањето и го прифаќа предизвикот да ја раскаже приказната преку очите на една млада девојка.

Во Џебното кино е вечерта на студентски филмови.

Во 17:30 часот од 14.11 до 17.11 секој ден на програмата се студентски филмови на студентите од Академија за драмски уметности – Загреб, Академија за сценски уметности – Сараево, Академија за уметност, Универзитет во Нова Горица, Филмови од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитет за аудиовизуелни уметности – Европска филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк и Факултет за драмски уметности – Белград.

Денеска на програмата се филмовите на студентите од Загреб и Сараево.

Во 23 часот во салата 25 Мај е концертот на RUSSIAN CIRCLES & HELEN MONEY.

Пост-рок експерименталното трио Russian Circles го сочинуваат Mike Sullivan (гитара), Colin DeKuiper (бас), и Dave Turncrantz (тапани). Формирани во 2005 во Чикаго, и заедно тие чинат комплексна бучава од замрсени гитари, продорни тапани и тврди бас линии.

Helen Money е Alison Chesley, виолончелистка од Чикаго којашто стана позната по нејзиниот уникатен звук и по нејзиниот заводлив сценски настап. Служејќи се со помош на техниките на водечките гитаристи, таа ги насочува нејзините чувства и искуство како рок музичар преку еден класичен инструмент. На заедничка турнеја со Russian Circles, се вечерва на CINEDAYS.

Синедејс 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.