Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Синедејс“ од 9-ти до 19 ноември

0
By Нова ТВ on November 2, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шведската сатирична комедија „Плоштадот“, која победи во Кан годинава, на 9 ноември во кино „Милениум“ ќе го отвори 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“. Фестивалот официјално ќе заврши на 19-ти со играниот македонски филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски, но од наредниот ден ќе продолжи со десетдневен филмски маратон.

Директорот на Младинскиот културен центар Златко Стевковски на прес-конференција соопшти дека ќе бидат прикажани 135 филмови во неколку категории. Покрај 20-те наслови од гала-програмата, која има звучни режисерски имиња и остварувања наградени на престижните фестивали и кои се најпосетени на „Синедејс“, фестивалот ќе има и вкупно 14 филмови во двете натпреварувачки програми – Официјална и СинеБалкан, потоа музички документарци, шведски филмови од програмата „Земја во фокусот“, МК кратки и студентски филмови, а во придружната програма ќе се одржат седум концерти и четири работилници.

Фестивалот ќе трае до 19 ноември, кога ќе бидат соопштени наградите од натпреварувачките програми (и годинава селектирани од Бернд Будер), а од 20-ти до 29 ноември во Џебното кино на МКЦ ќе има целодневен филмски маратон со проекции во десет различни тематски целини.

Организаторите најавија дека речиси од сите натпреварувачки филмови ќе има гости од филмските екипи, кои по проекциите ќе разговараат со публиката. Меѓу нив ќе биде и Семих Капланоглу – добитник на Златна мечка во 2010 во Берлин. Тој е и претседател на жирито за филмовите од официјалната конкуренција, а на „Синедејс“ премиерно во гала-програмата ќе биде прикажан неговиот последен филм  „Пченица“. Меѓу гостите од придружната програма ја издвоија светски познатата кастинг-агентка Ненси Бишоп од работилницата за скрининг-техники на снимање аудиции и филмови.

И оваа година ќе има фонд за награди од по 300.000 денари за најдобриот филм во Официјалната селекција и во СинеБалкан, а ќе се доделуваат и награди за најдобра филмска критика за филмовите што се прикажуваат на фестивалот.

 

Синедејс 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.