Состојбите во епархиите на МПЦ-ОА, биле тема на денешната последна за годинава седница на Светиот Архиерејски Синод.
Едно од отворените прашања со кое МПЦ ќе влезе во новата година е нерешеното прашање во Австралиско-новозеландската епархија.
Потоа, Богословскиот факултет кој се уште не е дел од универзитетот Св.Кирил и Методиј. Според изворите на НОВА во Синодот, владиците усвоиле препорака дека факултетот треба комплетно да влезе во рамките на универзитетот.
Покрај другото владиците добиле препорака за разумно користење на социјалната мрежа Фејсбук. Во текот на дискусијата било истакнато дека забрана за користење на Фејсбук воопшто немало, туку тоа било погрешно сфатено.
„Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката“, појасни пред новинарите епископот Климент.




