Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синоќа и утрово Македонија се задушува во загаден воздух

0
By Нова ТВ on November 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енормното загадување во Скопје и во други градови продолжува и утрово. Според мерењата на страницата на Министерството за животна средина, утрово најзагадено е во Кавадарци каде во подолг временски интервал се регистрирани 237 мг ПМ10 честички, потоа Лисиче со 173, Битола со 171, ако се знае дека дозволенитата граница на ПМ10 честички на метар кубен воздух е 50 микрограми.

Во сите скопски општини синоќа загадувањето беше на многу високо ниво. Мерните станици покажуваат дека концентрации на ПМ 10 честичките во текот на ноќта надминувале 100 микрограми, а достигнале и до 400 микрограми на метар кубен.

Во Карпош, Лисиче и кај Ректорат концентрациите на ПМ10 честичките од осум часот до 14 се движеле околу максимално дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен, по што почнуваат да се зголемуваат.

Најзагадено било во Лисиче. Регистрирани се концентрации од 405 микрограми на метар кубен во 23 часот. Загаден воздухот во Лисиче, според мерењата, имало во континуитет од вчера од 17 часот до утрово во осум часот.

Од 18 часот па се до утрово загаден воздухот е и кај Ректоратот. Концентрациите се движеле од 124 до 310 микрограми на метар кубен.

На мерната станица во Карпош најзагаден воздухот бил од 18 часот до седум часот утрово, при што од 20 до 22 часот се забележани највисоките концентрации на оваа мерна станица кои се движат над 200 микрограми. Најзагадено било во во 20 и 21 часот со 235, односно 240 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

 

Загаден воздухот бил и во Битола со највисоки регистрирани концентрации од 325 микрограми на метар кубен, Тетово со 375 микрограми, Кавадарци со 416 микрограми и Куманово со 391 микрограми на метар кубен.

Во Скопје од денеска како дел од мерките за намалување на загадувањето почнува акција за чистење на улиците, а од викендот има бесплатен автобуски превоз до Средно Водно и забрана за возила на Водно.

 

аерозагадување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.