Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од четврток голема акција за чистење на Скопје

1
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 21, 2017 14:53

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска најави дека од четврток почнува голема акција за чистење на главниот град, која ќе се спроведува 20-тина дена.

– Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните јавни претпријатија ќе ја спроведат оваа акција. Ова е една од краткорочните мерки против загадувањето на Скопје оваа зима, рече на прес-конференцијата Шилегов. На ангажирните лица ќе им биде обезбеден хонорар, надомест за храна и платен автобуски превоз.

Евидентно е, како што рече, дека загадувањето се должи и на наталожената прашина на нашите улици, која со години стои неисчистена. Планираме таа прашина да ја тргнеме од улиците.

– Секоја општина со целата своја механизација, заедно со градските јавни претпријатија и ангажираните лица ќе чисти во точно определени денови. Почнуваме од Бутел, а потоа ќе продолжиме во другите општини. Предвидени се по ден-два за секоја општина во зависност од нејзината големина. Откако ќе завршиме со чистењето на општините, ќе се чисти кејот на реката Вардар, истакна Шилегов.

Акцијата за чистење на Скопје ќе се реализира секоја есен и пролет и предвидено е да стане традиционална.

– Промената почнува од секој од нас. Ние сме пример за нашите деца, внуци, за најмладите и затоа ги повикувам сите граѓани, сите општествено-одговорни фирми, институции и невладини организации да ни се приклучат и да помогнат во оваа акција за чисто Скопје, за незагадено Скопје, потенцира Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање Шилегов рече дека дел од мерките против загадувањето ги работат координирано со надлежните институции, како со МЖСПП.

– Работиме на овие планови и мислиме дека во текот на зимава ќе успееме да спроведеме доволно и законски измени за наредната зима да бидат опфатени и автомобилите како дел од загадувачите, рече Шилегов.

Прашан за поплаките на жителите на општина Карпош за палење гуми, Шилегов појасни дека веќе се врши засилен инспекциски надзор.

– Поделена е надлежноста тука и поради тоа Град Скопје ќе биде еден координативен центар каде граѓаните ќе можат да пријават. Многу бргу ќе дадеме и посебна линија за 24-часовна пријава на диви огнови или палења од таков тип, рече Шилегов. Додаде дека Град Скопје ќе се јави како координатор на градските, општинските и републичките инспектори за заштита на животната средина.

Шилегов рече дека наследил неколку проблеми, меѓу кои се реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, кружниот тек во Кисела Вода, „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Чаир и други улици. Информира дека разговарале со изведувачите да забрзаат во рамки на можностите и да се заврши асфалтирањето за да се одвива нормално сообраќајот.

Петре Шилегов чистење на Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.