Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп и негов близок соработник Роберт (71) почина синоќа во болница во Њујорк.
„Со силна болка во моето срце, објавувам дека мојот прекрасен брат Роберт почина мирно минатата ноќ. Тој не беше само мојот брат, туку и мојот најдобар пријател”, се вели во изјавата на Трамп.
„Многу ќе недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Споменот за него ќе биде засекогаш во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир”, изјави Трамп, кој во петокот го посетил својот болен брат во болница.
Засега не е позната причината за смртта на Роберт Трамп.