Министерството за внатрешни работи денеска официјално соопшти дека синоќа со нож бил прободен триесетгодишен жител од село Битуше, гостиварско, а не 21 годишно момче од Делчево.
Како што информира МВР, вчера во 19,03 часот, било пријавено дека во Скопје на ул.„Стив Наумов“ пред Универзитетска библиотека, жител на с.Битуше, на Делчево и две лица од Пехчево, биле физички нападнати од страна на група составена од 15-20 млади лица.
Притоа едно од лицата со нож му нанело повреда во пределот на грбот на Б.Ф., кој побегнал и во безсознание паднал кај музејот на ВМРО, каде бил забележан од страна на УПС од чија страна е повикана Брза помош и истиот во неконтактибилна состојба бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски„ во Скопје, каде е задржан на лекување.
Со искрварување со повреда на крвни садови во градниот кош повредениот итно е однесен во хирушка сала, интервенирано е. Моментално е во стабилна состојба на Одделот за интензивно лекување, изјавила за медиумите, Јасмина Чабуковска, директор на Клиниката по хирушки болести „Св. Наум Охридски“.
Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. Повредениот е во стабилна состојба.