Рафаел Надал ќе се соочи денеска со Џон Иснер на Синсинати опен финалето, откако го победи Томас Бердих.
Светскиот рекет број три, со цел да победи на турнирот за прв пат, го победи Чехот со 7-5 7-6 (7-4).
Надал го собори сервисот на Бердих во 11-от гем од првиот сет, а потоа го зеде натпреварот со тајбрејк.
Иснер го победи светскиот рекет број седум Хуан Мартин дел Потро со 6-7 7-6 (7-4) 6-3 да се квалификува за само своето второ Мастерс 1000 финале.
Бердих, кој го совлада Енди Мареј за да дојде до негова средба со Надал, не можеше да дојде до моќните перформанси во четврт-финалето, со кои се покажа за време на УС Опен и Вимблдон.