Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синтетички примитивизам и отпор

0
By Zoran Ivanov on February 7, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 7, 2026 14:24

Второ, науката сугерира дека мораме проактивно да ги препознаваме тактиките на манипулација пред тие да нè нападнат. Оттука, нашата одбрана не е во задоцнетите деманти, туку во длабокото разбирање на тоа како работи оваа дигитална машина. Ова е всушност „Пребанкинг“ (Prebunking).

Ана Чупеска

Денешната македонска стварност  се чини дека не е во состојба на една вообичанеа политичка заврзлама. Напротив, живемее во сурова околност на она што теоријата го дефинира како „информациски непријателска средина“ (informationally hostile environment) (Klincewicz, Alfano, & Fard).

Имено, прогресивниот глас, кој de facto е целосно дефрагментирам поради поларизирачките услови, дополнително, тој не само што е угушен од конвенционални политички опонирања, туку, засилено и од хибридна воена машина која успешно го окупира нашиот симболички универзум и нашата свест.

Ова е така бидејќи, се наоѓаме среде воен полигон каде јасно е како бел ден, дека доминираат влијанијата на авторитарните сојузи, чија „оска на ревизионизам“ систематски ја труе секоја либерална и прогресивна мисла преку анти-ЕУ реторика и злонамерно инженерирана дипломатска изолација. Полигонот е овде, прокси територија за поткусурување. Горди, но изолирани (и затуцани), истовремено.

Но, клучната теза на овој текстуален придонес е следна:

Опозицијата и сите прогресивни актери не се веќе само жртви на вообичаената пропаганда, туку се на удар на системска „епистемолошка децимација“ чија крајна цел е целосно уништување на личната агенција (agency) и субјективност. Односно, тенденцијата е кон целосно усмртување на нашето субјективно чувство дека воопшто имаме моќ да влијаеме врз текот на сопствената историја. И, ова не е играчка, туку е убиствена и до некаде самоубиствена варијација

Оваа операција на РАЗГРАДУВАЊЕ НА РАЗУМОТ се изведува и преку два застрашувачки дигитални феномени:

Прво, преку, слопаганда (Slopaganda),  што претставува индустриско производство на дигитален отпад генериран од вештачка интелигенција. При што не станува збор за проста дисеминација на лагата; туку, тоа е таков вид на епистемолошка контаминација, која ви ги преплавува и мозокот и умот со перцепирани „факти“ сè додека вистината не стане потполно ирелевантна.

Когнитивната наука предупредува : штом овие ВИ-генерирани наративи ќе се всадат во невронските мрежи, тие продолжуваат да го обликуваат расудувањето дури и откако ќе бидат формално демантирани.

Дали се разбираме?!

Второ, сведочиме и на паралелн институционален шитпостинг (Institutional Shitposting), или, на тоа дека официјалните државни канали и нивната пешадија, преку вордингот како : „глодари“ и „полноглавци“ , “удари во чело”, фактички го присвојуваат речникот на интернет-троловите, и почнуваат да вршат вербална тортура и закани кон секој мислечки субјет, со што целсно се  деградира јавниот дискурс до ниво на агресивен примитивизам, кој сега, станува и синтетички генериран.

И Ве молам, да немате дилема дека ова е свесна и веќе применета стратегија на идуцирање авторитарна контрола, при што, тролањето на опозицијата и на мислечките субјекти служи како маска за реалното демократско уназадување! Фактите за назадувањето веќе се евидентирани од V-Dem; Freedom House и други референтни извори!

Сега, би сакала, да понудам еден вид на когнитивен отпор против синтетичкиот примитивизам и институционалниот шитпостинг.

Прво, мора секој од нас, да се потруди да го заштити својот когнитивен интегритет, бидејќи, слопагандата цели да нè направи цинични и рамнодушни/ Тука сакам да нагласам, кога прифаќаме дека „сите се исти“, ние веќе сме го изгубиле суверенитетот врз сопствениот мозок и ум!

Второ, науката сугерира дека мораме проактивно да ги препознаваме тактиките на манипулација пред тие да нè нападнат. Оттука, нашата одбрана не е во задоцнетите деманти, туку во длабокото разбирање на тоа како работи оваа дигитална машина. Ова е всушност „Пребанкинг“ (Prebunking).

Ми се чини дека, борбата за Македонија, денес, е всушност, борба за правото на стварност и борба за заштита на вистината.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

Ана Чупеска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.