Сирија и дала на Русија “материјални докази” дека опозиционите борци користеле хемиско оружје во Сирија, изјави денеска заменик-шеф на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Ријабков.
Ријабков, исто така, рече дека извештајот на истражен тим на Обединетите нации за употреба на хемиско оружје е “исполитизиран, пристрасен и едностран”, пренесува Би-Би-Би-Си. Тој рече дека иследниците испитуваат само доказ за напад со хемиско оружје на 21 август, не обрнувајќи внимание на претходните три инциденти.
Шефот на томот истражители на ОН Оке Селстром рече дека тоа ќе биде тешко да се пронајде и да се уништи целото сириско хемиско оружје, но тоа е, како што посочи, исто така е е можно, јавува БиБиСи.
Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека според извештајот на иследникот на Обединетите нации, неспорно е дека се користи хемиско оружје во Сирија а тоа ќе го промени мислењето на меѓународната јавност во врска со активностите на режимот на Башар ал-Асад.