Aмериканско-рускиот договор за хемиско оружје на Сирија е “победа”, која ја одврати војната, изјави сирискиот министер Али Хаидар, јавува ББЦ.
Рамковниот документот вели дека Сирија мора да обезбеди целосни детали за своите залихи во рок од една недела – а хемискиот арсенал да биде елиминиран до средината на 2014 година.
Ако Сирија не ги почитува овие одредби, договорот може да се спроведува со резолуција на ОН, односно со употреба на сила како последно средство.
САД се заканија дека ќе го нападнат Сирија која ја обвинија за хемиски напад во август, во кој загинаа стотици лица.
Владата на претседателот Башар ал-Асад ги негира обвинувањата и ги обвини бунтовниците за вршење на напад.