Американските разузнавачки служби успеале да снимат телефонски разговор меѓу некој службеник во сириското министерство за одбрана со наредбодавач за „хемиско оружје“ на терен на 21 август кога се претпоставува дека хемиското оружје е употребено против бинтовниците.
Како што пишува на својата интернет страница угледниот американски Foreign Policy американските разузнавачки служби успеале да снимат телефонски разговор кој би можел да послужи како еден од клучните докази за употреба на хемиски отров кој би бил цврста правна основа за можна интервенција на Западот против силите на претседателот Башар ал Асад.
Од доста емотивниот разговор маѓу двајца луѓе, забележително е дека службеникот од министерството се обидува да добие прецизни информации од теренот за хемискиот напад. Сепак, не е сосема јасно кој е одговорен за нападот затоа што не се исклучува можноста одлуката за напад да ја донел наредбодавачот на терен на своја рака.
Во исто време Велика Британија денес ќе поднесе до Советот за безбедност на Обединетите нации предлог резолуција со која се осудува напад со хемиско оружје од страна на сирискиот претседател Башар ал-Асад и ќе бара дозвола за примена на „потребните мерки” за заштита на цивили од хемиско оружје, изјави во средата напладне премиерот Дејвид Камерон.
„Британија состави резолуција со која се осудуваат нападите на Асад со хемиско оружје се дозволуваат потребните мерки за заштита на цивилите“, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон на Twitter.
„Постојано зборувавме дека сакаме Советот за безбедност да ја исполни својата одговорност во Сирија. Денеска за тоа имаме можност”, додал Камерон.

