Левичарската СИРИЗА ги финализираше своите предлози за измени на 23 члена на грчкиот Устав, вклучувајќи и поделба на Црквата од државата и промени во изборот на претседателот на државата. Документот со потписи од пратениците на Сириза се очекуваше синоќа да биде доставен до Парламентот.
Во образложението на уставните предлозите, пратениците се осврнаа на потребата за “целосна трансформација на политичкиот систем во подемократска и прогресивна насока”.
Меѓу приоритетите се “признавањето на верската неутралност на државата” и право на граѓаните да избираат грчки претседател кога Парламентот не може да се усогласи околу еден кандидат.