Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Системот со нови правила за патување во ЕУ „Етиас“почнува од средината на 2025 година

0
By Zoran Ivanov on August 25, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 25, 2024 17:42

„Етиас“ системот ќе бара најава за вашето патување еднаш на три години или порано ако пасошот ви истекува пред тие три години. Во барањето ги наведувате вашите основни податоци и плаќате такса од 7 евра. Предвидено е во 99 проценти од случаите системот експресно да ви одговори дека е се во ред и дека е одобрено вашето патување во ЕУ.

Благојчо Костадинов 

По неколкугодишни одлагања, конечно системот „Етиас“ за патување во Европската унија од средината на наредната година стапува на сила. Ова е систем кој предвидува да се пополни онлајн формулар за влез на територијата на еу за граѓаните на кои не им е потребна виза како што се македонските граѓани и сите од популарно наречениот Западен Балкан.

Најголема потврда дека од наредната година во ЕУ ќе се патува според правилата на „Етиас“ е што од ноември годинава почнува новиот систем на регистрација на патници што е практично претходница на „Етиас“.

Како што објаснуваат од европската комисија, најважната промена што на граѓаните од ноември ќе им ја донесе новиот систем за регистрација на патници, е што веќе нема да им треба пасошот како таков, туку на самите гранични премини на патниците ќе им бидат земани биометриски податоци, односно отпечаток од прст и фотографија на лицето.

Со вака уреден начин на регистрациоја на патници, едноставно веќе нема да е можно патникот кој без виза влегува во ЕУ, да го надмине дозволеното време за престој кое сега е 90 дена во рамките на 180- дневен временски циклус. Со ова автоматско проверување патникот не ќе може веќе да се крие позади печатот во пасошот или позади бирократските процедури, се наведува во објавата на Европската комисија.

При секое наредно патување во ЕУ, системот ги има складирано вашиот отпечаток од прст и фотографијата на вашето лице, па на граничните службеници им останува само да ги спореди податоците, што бара значително покусо време.

Што се однесува до „Етиас“ системот, тој ќе бара најава за вашето патување еднаш на три години, или порано ако пасошот ви истекува пред тие три години. Во барањето ги наведувате вашите основни податоци и плаќате такса од 7 евра. Предвидено е во 99 проценти од случаите системот експресно да ви одговори дека е се во ред и дека е одобрено вашето патување во ЕУ. Само во одредени слуачи може на системот да му е потребно време до еден месец за проверка на податоците.

Системот „Етиас“ почнува од средината на наредната година и ќе биде со шест месечна адаптација. Патниците што немаат пополнето барање за патување, во првите шест месеци ќе бидат пропуштани да влезат во ЕУ, но ќе им биде укажувано дека пред патување треба да пополнат формулар. Вторите шест месеци, значи од почетокот на 2026 заклучно со јуни таа година, оние кои не поседуваат пополнет формулар ќе бидат враќани од граница, освен ако тоа им е прво влегување по воведувањето на „Етиас“ систем за патување. Веќе од јули 2026 та година, секој што сака да патува во ЕУ, а доаѓа од земја на чии граѓани не им се потребни визи за еу, треба да има уредно пополнет формулар односно барање за патување во Унијата, информираат официјално на страната на Европската комисија. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.