Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите невини, кутри жртви на Боки 13

0
By Биљана Секуловска on August 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 3, 2019 11:30

Во целата сага за наводниот рекет на Боки 13, имате неколку нивоа на паднати невини жртви и воедно, принесувања на олтарот на неколку жртвени јарци.

Велам наводен рекет, затоа што досега ништо не е докажано, ниту потврдено, ниту пак докрај истражено, што остава само простор за огромен сомнеж дека во позадината се кријат други, подземни мотиви.

Се говори дека се работи за извесни нечисти, мрачни сили кои се замешале, туркајќи ја земјава во политички и економски бездни, но на ум не ги имам евро-атланските и европските интеграции, ниту пак уништувањето на прогресивната сила на СДСМ – Зоран Заев. Не, не се работи воопшто за тоа.

Се работи за сосема поклучни и стратешки цели кон кои бил насочен ударот – најважната, за која се говори тивко, од уво на уво, не смее воопшто да се изговори, ниту пак соопшти јавно и затоа ќе мора да се премолчи, сè додека не се обелодени конечното уништување на земјава.

Во исто време, најголемите жртви се одамна познати невини лица – Боки 13 и Зоки Кичеец, кои во моментот се во притвор, но се надевам, со можност брзо да закрепнат од подземните удари на непознатите сили, и конечно да бидат пуштени на слобода да дејствуваат и понатаму, како и досега, за доброто на оваа вечна земја.

Втората жртва на смислените подметнувања е секако специјалната обвинителка Катица Јанева, чие име несомнено се злоупотребувало, но ниту таа, ниту пак некој друг, не може во целост да дојде до конечни сознанија – кои се тие лица и со каква корист се здобиле. Што веројатно е најдобро, да не се открие ништо, ниту пак да се истражува, затоа што само така може и понатаму жртвите да го добиваат статусот на херои – најмногу заради јунаштвото што не подлегнале на притисоците да проговорат.

Третата жртва е сведокот – Орце Камчев, кому му биле барани пари, милиони и милиони евра, а претпоставувам дека единствената цел била прагматична – за да не биде и понатаму невино гонет од втората жртва, Катица Јанева.

Таа пак, исто така била нечија жртва и несвесно и без видлива рационалност гонела луѓе, онака како што и било наложувано од некои непознати лица, за кои претпоставките се дека исто така биле жртви на некои повисоки, многу помрачни сили.

Во целата приказна имињата на Кирацовски и Ременски се намерно смислени, без воопшто да се приложат валидни аргументи и докази, со што, без дилеми, можат веднаш да бидат прогласени за жртви без дискусија. О, да,- можеби некој ќе помисли дека е сомнителен влезот на Ременски во тесното раководство на Меѓународниот сојуз Скопје на Боки 13, но таа секако дека била жртва на сопствената наивност, да влегува во разни партнерства, како и сите останати жртви- без да знаат што прават и со кого, пред сè .

Тврдењата за новите жртви го пополнуваат името на жената која подигнала 720. 000 евра – Лилјана Тодоровска, на која, како што таа тврди, веднаш, пред излезот на банката, и биле зграпчени парите од луѓето од Меѓународниот сојуз.

Последните имиња на жртвениот круг, кој не е целосно заокружен се веќе нам стари, познати фигури- како што е бизнисменот Силјан Мицевски, кој ги дал тие 720.000 евра, кој пак, веројатно е жртва на сопственото богатство, а тука не мислам само на финансиско, се разбира.

Следни жртви се министерoт за транспорт Горан Сугарески, градоначалникот Стефан Богоев и премиерот Зоран Заев – кои потпишувале или само договорале Меморандуми за соработка со веќе споменатите жртви Боки 13 и Јасна Мандиќ. Тие претпоставувам дека биле жртви на својата добрина и елементарна човечка милост – како политичари на кои им е даден мандат да располагаат со парите на граѓаните, да договараат давање на пари без да проверат финансиска и друга историја – пред сè на жртвите Боки 13 и Мандиќ, како раководители на Меѓународниот сојуз, кој пак, верувам, има почесно место во жртвената приказна, еднакво како и самата телевизија 1ТВ.

Стравувам дека вистинските намери да бидат извалкани сите овие споменати и евентуални нови жртви во оваа афера не можат да бидат објавени. Имам сила само да ја приложам сликата, засега, а развојот на настаните може да отвори нови врати и нови искушенија за конечната вистина за Македонија и неуништливата македонска нација.

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.