Каде се резултатите во земјоделството?, пишува во писмената реакција на СДСМ откако од владејачката партија преку нивна реакција наведоа дека мерките на СДСМ би ја вратиле политиката за земјоделието 15 години наназад.
„Зошто наместо развојно земјоделство, постои загриженост и несигурност кај земјоделците? Ако има субвенции, зошто земјоделците се сиромашни?“ се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија.
Според нив, одговорот е еден, а тоа е поради тоа што сите пари што Владата на Груевски ги нарекува субвенции одат само кај гласачката машинерија. Вистинскиот земјоделец не гледа ни пари, ни трактори, ни издупчени бунари, ни системи за наводнување.
Според планираните мерки СДСМ ќе му обезбедат достоинство и сигурност на секој земјоделец.
– Сигурни и навремени субвенции со Еднаков пристап до сите при доделување на субвенциите,
– Ослободување на земјоделците од персоналниот данок,
– Еднаков третман при пензионирање за земјоделците и воведување бенефициран стаж кај професионалните земјоделци,
– Инвестиции во системи за наводнување од 10 милиони евра годишно,
– Зелена нафта и буџетска подршка за зголемување на продуктивноста, финализацијата и извозот на земјоделското производство.
И оттаму реагираат дека средбите на земјоделците со раководството на СДСМ се со толку голем одзив бидејќи им веруваат и оттаму стравот на ВМРО-ДПМНЕ дека ја губи нивната поддршка.




